Пред доаѓањето на денешната медицина, луѓето користеле соли со векови за да се лекуваат. Хималаиската сол е розова сол која може да се најде во Хималаиските планини. При биофизичките истражувања на оваа розова сол се идентификувани кристали кои содржат 84 есенцијални минерали кои се неопходни за одржување на човекот во живот. Поради ова, хималаиската сол може да биде природна и без хемиска алтернатива за замена на кујнската сол. Хималаиската сол не содржи адитиви и може да ги ублажи симптомите од различни заболувања.
Здравствени придобивки од користење кристална хималаиска сол:
– Регулирање на нивото на водата во организмот, за правилно функционирање
– Промовирање стабилна pH рамнотежата во клетките, вклучувајќи го и мозокот.- Помага во намалување на вообичаените знаци на стареење
– Помага во генерирањето на хидроелектричната енергија во клетките од вашето тело.
– Го зголемува капацитетот на апсорпција на хранливи елементи во цревниот тракт
– Подобрена васкуларната функција
– Одлична дентална хигиена, и отстранување на халитоза (непријатен здив од усната празнина)
– Подобрување на респираторната функција
– Намалување на инциденцата на проблеми со синуси, и помага во чистењето на наслагите во вашите синуси.
– Намалување на грчеви во мускулите
– Зголемување на јачината на коските
– Го подобрува квалитетот на сонот
– Создавање на здраво либидо
– Во комбинација со водата, е неопходна за регулацијата на крвниот притисок
– Ги намалува шансите за развој на ревматизам и
– Ги намалува шансите за развој на камеања во бубрезите и жолчното кесе.
Зошто да не користите морска сол? Морската сол всушност го дехидрира вашиот организам, додека хималаиската сол дејствува како хидратант во вашиот организам! Морската сол тешко се вари и се асимилира во нашиот организам, бидејќи ја нема соодветната големина на органските минерални електролити кои веднаш се апсорбираат во нашата крв и клетки. На хималаиската сол не и е потребно варење во дигестивниот систем. Затоа и лесно се апсорбира во нашиот организам – за разлика од морската сол!
Растворот, од хималаиска сол и вода е одличен изотоничен напиток, кој доста брзо ги надополнува изгубените минерали и соли по тренингот.