Куглајте за забава и подобро здравје

Куглањето е еден од најпопуларните спортови во светот. Една од причините за неговата популарност е неговата адаптибилност: деца и возрасни без разлика на кое ниво е нивната физичка способност  може да учествуваат, може да се ужива во слободното време, рекреативно, како социјална дејност или како конкурентна можност. 

 

Премногу младите деца тркалањето на топката може да го изведат без чекори во близина на фаул линијата и, со користење на две раце, буткајки ја топката кон целта. Тинејџери, средовечни луѓе, дури и осумдесетогодишници  понекогаш ја изведуваат оваа техника. Ниту еден друг спорт во светот има толку голема разновидност на учесниците. Зошто? Куглањето е чист и забавен спорт, кој Ве прави да се чувствувате добро, да се смеете  и да се забавувате.

 

Други поголеми бенефиции од куглањето  

Куглањето е жив и динамичен спорт кој придонесува за подобрување на вашата рамнотежа, координација и моторни способности. Куглањето ќе ви помогне да сокгорите и екстра калории, во зависност од тоа колку вие тежите и колку напор ќе користите, при куглањето може да согорите 170-300 калории.

 

Куглањето е во состојба да ги задоволи потребите на многу луѓе, бидејќи тоа е, пред сè, едноставна игра. Правилата не се сложени и основите за тоа како да се тркала топката брзо се учи.

 

Куглањето  е одлична рекреативни активности за сите возрасни и постари лица ,кој имаат послаба физичка кондиција. Поради релативно малата потрошувачка на енергијата, која е потребна за учество во играта. Куглањето се смета за спорт каде целото семејство може да игра, да се забавувате и да уживате.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.