Квалитетно Слабеење

Најлесен и наједноставен начин да се ослабе е да се гладува. Но што се случува тогаш со нашиот организам? Дали тогаш ги топиме поткожните масти или тогаш само слабеат нашите мускули?

Гладувањето е погрешен и потполно нездрав начин на исхрана. Кога гладувате вашиот мозок има дефицит на енергија, и во процесот на слабеење слабее повеќе вашиот мозок отколку вашето тело. Гладувањето предизвикува голем стрес и го намалува вашиот имунитет.

Кога се збори за квалитетно слабеење, тогаш станува збор за исхрана- диета, која ќе ви помогне да ја намалите количината на поткожни масти, а да ги задржите вашите мускули без да влијаете негативно врз вашето здравје.

 

За да се ​​изградат мускулите а истовремено да ги стопите мастите, потребно е да се внессува различни квалитетни протеини, зеленчук, овошје, јаглехидрати и здрави масти. Јадењето протеини Ви помага за градење и одржување на мускулите.

Верувале или не, јадење масти во контролирана количина, исто така, Ви помага при процесот на слабеење. Недостатокот на потребните масти му кажува на вашето тело да ги чува мастите и да ги претвори во сало, како резерва на енергија.

Овошјето и зеленчукот содржат витамини и минерали, кои се неопходни за закрепнување од вашето вежбање. Јаглехидрати се основно гориво за вашиот мозок. Затоа јадете обилно големи салатаи.

Еве Ви една листа на исхрана која ќе ви помага да го направите правиот избор за исхрана…

Јајца –  Јајцата се евтин и богат извор на протеини: Во едно јајце содржи 7г. протеин. Жолчката ги содржи повеќето хранливи состојки: ги содржи половина од протеините, витамини, A / D / E и холестерол  кој природно го зголемува вашиот тестостерон. Не грижете се за холестеролот во јајцата, но сепак не јадете повеќе од 3 жолчки на ден . Ако имате лош холестерол, намалување го внесот на масти наместо да ја фрлате жолчката.

Лосос  (И сите риби воопшто) се еден од најдобрите извори на омега-3 масни киселини, кои, исто така, содржат 20g протеини во 100 грама порција.

Јогурт –  Содржи бактерии кои го подобруваат вашето гастроинтестинално здравје. Не купувајте јогурт со додаток на шеќер и овошје. Земете обичен ниско калоричен јогурт. Јадетего со боровинки и ленено семе.

Маслиново масло –  Содржи 70% мононезаситени масти кои штитат од срцеви заболувања и рак. Додадете 1-2 лажици маслиново масло во вашата салата.

Јаткести плодови –  Содржат моно-и полинезаситени масти, протеини, растителни влакна, витамин Е, цинк, калиум, магнезиум, итн. Сите јаткести плодови се високи со калории, и се одлични за оние кои сакаат ја зголемат мускулната маса. Направете микс од бадеми, ореви, индиски ореви, лешници. Еве една табела  која ќе ви помогне да дознаете колкава содржина има на Омега 3 и Омега 6 во Јаткестите плодови.

Црвено месо –  Содржи висока количина на Протеини, витамин Б12, железо, цинк, креатин. Многумина мислат дека црвеното месо дебелее.Дознај повеќе за Црвеното месо.

Брокула –  Таа одлично се борба против ракот и содржи фитохемикалии и анти-естрогенски индоли. Брокулата е исто така богата со растворливи растителни влакна кој помагаат за намалување на мастите. Јадете и други мешункасти зеленчуци за промена: зелка, карфиол, кељ.

Спанаќ –  Спањакот е доста квалитетна алкална храна. Спанаќот ја спречува загубата на мускулната и коскената маса, но, исто така, спречува рак и срцеви заболувања поради неговиот високо хранлив профил.

Мисирка –  Во мисиркиното месо  има околу 4,5 g заситени масти, е во белото месо  односно во градите од мисркиното месо има скоро 0 g заситени масти.

Бобинки –  Тие се богати со антиоксиданси кои го спречуваат ракот, срцевите заболувања и очните болести. Беџз разлика да ли се тоа  боровинки, малини, капини, аронија, итн.

Овес –  Овесните снегулки го намалуваат холестеролот, Ве обезбедуваат со низок ГИ  на јаглехидрати за енергија и високо растворливи растителни влакна. Овесот е одличен за доричек.

Домати –  Содржат ликопен, кој спречува рак. Направете домашен сос од домати со маслиново масло.

Јаболка – Содржи Пектин кој помага за губење на тежината со зголемување на ситоста. Јаболката се исто така богати со антиоксидакти.

Вода –  Вашето тело ја задржува водата ако не пиете доволно. Пиењето доволно количина го спречува задржување на водата во вашето тело. Исто така им помага на мускулите за побрзо закрепнување и спречува дехидрација по напорниот тренинг. Водата е темел на вашето здравје.

Зелен чај. Силен антиоксидант и природен диуретик. Зелениот чај, исто така, го забрзува процесот на согорување на масти, спречува рак и го подобрува крвниот шеќер и циркулацијата. Пијат зелен чај наутро наместо кафе.

 

За слабеењето да бите квалитетно не е потребно само да ја контролирате вашата исхрана, потребно е и да имата и соодветен тренинг за зацврстување на вашето тело.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.