Лененото семе е хармоничен оброк

Лененото семе е хармоничен оброк. Тоа обезбедува есенцијални масти и диетални влакна, и може да биде добар додаток во вашата исхрана  и да ви помогне да го избегнете ризикот од одредени заболувања.


Омега-3 маснотиите
Омега-3 мастите се есенциални полинезаситени масни киселини кои се од суштинско значење и се добиваат преку исхраната бидејќи вашето тело не може да ги синтетизира. Луѓето кои јадат повеќе омега-3 масти може да имаат помал ризик од срцеви заболувања.  Омега-3 мастите можат да се добиат од риба, и вегетаријанска извори како што се ореви и лененео семе, кои  обезбедуваат омега-3 масти наречени алфа-линоленска киселина. Една супена лажица ленено семе обезбедува 1,6 mg на алфа-линоленска киселина, или 100 проценти од препорачаната дневна вредност.

Диететски влакна
Оброкот од лененео семе може да биде добар за зголемување на вашата дневна потреба за растителни влакна.  Во една супена лажица ленено семе има речиси 2 g  растителни влакна. Лененото семе  може да помогне за намалување на нивото на лош ЛДЛ холестерол во крвта, што може да го намали ризикот од срцеви заболувања. Растителните влакна од лененото семе , исто така може да спречат запек поради тоа што има лаксативно дејство, а тоа може да ви помогне да јадете помалку, бидејќи тоа го успорува варењетона храната, така да ќе се чувствувате помалку гладни до следниот оброк.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.