Личен нутриционистички план

Што е личен нутриционистички план?

Тоа е план за исхрана "скроен" само за твоето тело. Најпрво мора да се откирајт потребито кој што тој треба да ги исполнува на едно оптимално ниво, било дали е некоја напорна физичка активност или само "преживување" на најобичен ден. Планот треба да претставува начин за да се достигне физичко и психичко чувство кое отсекогаш сте го посакувале, а тоа се чувство на поголема енергичност и промена кон здрава животна навика преку исхраната. 

 

Преку личниот план за исхрана треба да подразбираме:

1.  Која храна смееме (и несмееме) да ја јадеме
2.  Колку да јадеме
3.  Кога да јадеме
4.  Која храна смееме да ја комбинираме
5.  Како одредена храна влијаа врз твоето тело во различни ситуации
6.  Како храната влијае врз твојот стил на живеење

Најпрво мора да се направи анализа на Вашиот пол, возраст, висина, тежина, основен метаболизам, телесниот состав, дневни активности, дневни спортски активности, крвната група како дали сте алергичен или сте нетолерантен спрема некој вид на јадење (пример лактоза).

Откако ќе се одредат сите потребни параметри, некој кој што е стручен и добро образован треба да Ви направи личен нутриционистички план за да ги исполни Вашите очекувања. Планот треба да содржи листа на јадење групирани по оброци и временска распореденост, како и да се количински определени.

Личниот нутриционистички план треба да биде подготвен специјално само за Вас и за Вашите цели, не за некој друг.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.