Лоши навики – Лошо држење на телото

Доброто држење на телото ја спречува несаканата крутост на мускулитеи, и ја намалува болката и стресот врз зглобовите. Доброто држење на телото, исто така, помага да се намали ризикот од можните деформитети, вклучувајќи  кифоза, лордоза, сколиоза, вкочанет врат, болки во долниот дел од кичмата.

Овие навики, не секогаш резултира со деформитети, но може да предизвикаат дополнителни здравствени проблеми или болка, вклучувајќи ги и мускулните грчеви, дигестивните нарушувања, потиснати нерви, дискус херниа и недостаток на проток на крв во мозокот и виталните органи. Сепак, може да го намалите ризикот од овие услови со разбирање и обратен  поставување спрема лошо држење на телото  и навиките во вашата дневна рутина.

Лоши навики:

Без разлика дали е вашата лева нога е прекрстена врз десната или обратно, оваа навика предизвикува асиметрија во долниот дел на грбот и во пределот на карлицата. За да ја победите оваа навика, Ставете некој лесен предмет помеѓу нозете, и држете го меѓу бутовите, како што е топка, перниче  или ролна тоалетна хартија.

 

Кога чекате автобус или стоите во место приметете се дали стоите исправено, или ја префрлате 80% од вашата тежина само на едната нога;

 

Напреганјето и наведнувањето на главата кон напред за да видите што пишува на компјутерот, може да предизвика големи болки во грбот;

 

Кога седнувате на столче, ставете ги двете нозе исправено пред вас, лоша навика е кога едната нога ја  свиткувате и ја ставате под задникот;

 

Примете се кога правите муабет на телефон, со која рака го држите телефонот и на кое уше го поставувате, обидете се тоа да биде нај изменично на двете страни и  со двете раце. Оваа лоша навика може да предизвика болки во вратот;

 

Постојат голем број навики кој несвесно се наметнуваат и влијаат лошо врз правилното држење на телото. Обидете се да да го намалите бројот бројот на лошите навики, со тоа што ќе бидете свесни за нив.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.