Ментален Фитнес: Како да го развиете вашиот мозок?

Мозокот почитува два основни принципи, разноликост и љубопитност. Откако  некои вештини  ќе ни преминат во навика и веќе ги правиме автоматски, време е да се направат некои промени.

Ако крстозбор, на пример, може да решите и во сон, се оди на нов предизвик што ќе го  ангажира мозокот да се развие. Љубопитноста, ќе му помогне  на мозокот да работи побрзо и поефикасно. Ако сакате да го разработите,  треба да се трудите да  внесете  различни когнитивни задачи во вашиот секојдневен живот.
 

Обидете се да играте стимулативни игри како судоку, крстозборки, па дури и електронски игри и стратегии кои ќе принудат да се забрза процесот на размислување и да се подобри вашата меморија. Овие игри се базирани на логика,  игра на зборови, математика и прогресивно размислување. Покрај тоа, овие игри и ќе ве расположат. Само ограничете го времето  кое го поминувате играјќи максимум половина час.

 

Медитацијата е можеби најдоброто нешто што можете да направите за вашиот мозок и вашето здравје. Медитација не само што релаксира, но тоа е исто така еден вид на тренинг на мозокот.

 

Исто така, храната која ја внесувате е од исклучително значење бидејќи ја подобрува функцијата на вашиот мозок. Тоа  се најчесто здравите масти. Во вашето мени не заборавајте да додадете лосос, ореви, лен семиња и маслиново масло. Избришете ги од  исхраната колку што е можно заситените масти кои можат да заглават во артериите и да го намалат протокот на кислород во мозокот.

Исклучете го телевизорот. Еден просечен човек гледа телевизија, некои четири часа на ден. Тоа може да ве одвлекува  од дружење, учење нови вештини, забава и физичка активност.

 

Физичка активност е исто така многу важна за мозокот. Додека тренирате, мозокот учи нови вештини на  движење, проценува оддалеченост и одржува рамнотежа.Користете што  поразлични вежби додека тренирате. Исто така, физичката активност ја подобрува  циркулацијата и повеќе кислород оди во мозокот, што му помага да работи побрзо и поефикасно.
 

Читајте што  повеќе. Ако обично читате романи, пробајте нешто друго. Прочитајте книга за историјата, културата, промена на авторите повлекуваат паралела меѓу минатото и сегашноста. 

 

Научете нови вештини, нов јазик. Со учење на некои нови вештини се стимулираат различни мозочни региони. Научете нови потези,  развивајте ја меморијата, поврзувајте ги нештата на поинаков начин. Научете како да свирите инструмент, правете модели на авиони, да се сликајте или пишувајте. 

 

Поставете му на мозокот нов предизвик за да се развива!

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.