Сите знаеме дека недосатокот на сон е штетно за нашето здравје, но дали предолгото спиење е штетно? Многумина се свесни за опасноста од неспиењето, но само малку се свесни за штетните ефекти од претераното спиење! Спиењето е меѓу најважните фактори за човековото здравје, исто како што имаме потреба од храна и вода, така и од сон.
Најразличните направени истражувања советуваат дневно да се спие од 7 до 9 часа. Малите деца треба и подолго, додека постарите луѓе се задоволуваат и со 6 часа.
Според експертите кои делуваат во областа со Хиперсомнијата (претераното спиење), тие посочуваат дека предолгото спиење може да предизвика вознемиреност, без енергичност и безволност, исто како проблеми со измешана меморија.
Ако долгото спиење прејде во навика, тоа може да предизвика сериозни проблеми како: коранарни срцеви заболувања, дијабетис, дебелеење (спор метаболизам), па дури и смрт.
Поврзаноста на долгото спиење со смрта не е тресење од ракав, студија спроведена во 2002 год. потенцира дека испитаниците кои што спиеле подолго имале поголема стапка на смрттност од оние кои спиеле нормално, дури 12% повеќе.
КОНТРОЛИРАЈТЕ: одредете колку време Ви е доволно да се наспиете и поставете аларм. Обидете се да заспиете и да се разбудите во исто време секојдневно, вклучувајќи ги и слободните денови. Вежбањето неколку часа пред да спиете ќе Ви помогне за полесен сон.
ИЗБЕГНУВАЈТЕ: кофеин и алкохол. Овие 2 состојки кои се состојат во најразличните напитоци од секојдневието и се дирекно поврзани со проблемите со спиењето. Доколку неможете целосно да ги исфрлите, намалете ја нивната конзумација.
СПИЈТЕ ДОБРО, ЖИВЕЈТЕ ДОБРО!