Дури и кога сте совршено здрави, Вашиот организам работи 24 часа на ден. микроскопските механичарски екипи постојано патролираат и брзаат кога ќе забележат повреда или бактериска инвазија.
ИСЕЧЕНИЦИ
Кога ќе се исечете, веднаш почнува да истекува крв бидејќи сте навлегл во дермисот на кожата каде што се наоѓааат ккапиларите и нервите. Поради работата на срцето, садовите се под постојан притисок, како пожарникарските црева.
Секое оштетување на крвните садови мора веднаш да се поправи. За неколку секуди откако крвта ќе го допре воздухот, започнува да работи еден од најсофисицираните механизми за зацелување – згрутчувањето на крвта.
Мускулите и зидовите на крвните садови веднаш се стегаат, собирајќи ја раната и забавувањето на истекот на крвта од неа. Во меѓувреме, тромбоцитите под дејство на надворешниот воздух се кршат и се врзуваат за зидовите на раната, се шират и за краток момент создаваат мека мембрана врз целата рана. Сето тоа продолжува додека не се формира сложено испреплетување, а со тоа се создава круто ткиво кое ја затвора раната, се додека ткивото не го обноват нови клетки.
СКРШЕНА КОСКА
Кога ќе Ви се скрши коска, без оглед на скршеницата, се кинат и крвните садови што преминуваат преку линијата на скршеницата. Крвта се згрутчува околу местото на скршеницата.
За 6 до 8 часа згрутчувањето расте и настанува хематон, кој служи за заштита на поправката. Се формира нова 'рскавица за да се премостат скршените краеви.
За 6 недели осетливиот мост се калцифицира во млада коска, поголема и посилна од дело што го заменува. Сепак за целосно да заздрави коската и требаа неколку месеци, бидејќи калциумот постепено се таложи за нејзино зајакнување.
СПРЕЧУВАЊЕ РАК
Многумина од Вас не знаат дека телото редовно го прави тоа – спречува рак! Поради слободните радикали во телото секојдневно настануваат канцерогени клетки, но телото се бори со нив и ги спречува да се развијат и да преминат во малигни и да се прошират.
Користејќи извидници вооружени со моќни хемиски оружја, имунолошкиот систем ги открива заразените клетки и ги уништува пред да почнат да се шират на другите здрави клетки.
Ако само на една канцерогена клетка и се дозволи неконтролиарано да се дели, по извесен период настанува колонија на муртирани клетки, а последица е малиген тумор.
ПОПРАВКА НА ДНК
ДНК претставува темелна биолошка единица сместена во јадрото на скоро секоја клетка, а содржи околу 30000 гени. Кога ќе се појави грешка во ДНК, многу нешта во телото се нарушуваат – се појавуваат тумори, се покачува холестеролот, нервите изумираат итн.
Грешките понекогаш се појавуваат на синџирот на ДНК, тоа може да дојде кога во телото имаме слободни радикали како последица на УВ зраци или хемикалиите што се внесуваат преку храната, водата и воздухот.
За да се поправат грешките на ДНК, ензимите постојано патролираат на секој дел од ДНК барајќи ги и решавајќи ги проблемите.