Монотонија во вежбањето

Кога подолг период вежбате по една иста рутина, мозокот се презаситува од монотонија, а телото се прилагодува многу набрзо потоа.
На многумина мотивацијата за вежбање им се намалува по одреден период, заради монотонијата на вежбите. Најчесто режимот на вежбање кај луѓето кој го практикуваат е ист и се повторува, па не е ни чудно што станува здодевен.

Треба да се внесуваат промени во начинот на вежбање на секои десетина дена. Мускулите имаат способност брзо да “памтат” па затоа ако не смените нешто по десетина дена, вежбите ќе го намалат својот ефект.
Ако секој ден да го правите истиот тип на вежби ќе дојдете до точка кога тие  вежби нема веќе да ви донесат ништо ново.  Најдобро е да ги менувате вежбите после неколку недели. Доволно е и да ја менувате само должината на вежбата или пак тежината.

Учете нови техники

Не заглавувајте во рутина. Фитнесот има безброј опции и можности да се напредува. Ваше е да изразите ентузијазам и да научите нешто повеќе, ако учите една техника, подоцна надградете ја со друга.На пример кога ќе ги совладате основните вежби за стомачни, префрлете се на вежби кои бараат поголем напор.
 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.