МУСКУЛНА АДАПТАЦИЈА

Мускулниот раст не е знак на машкост, без оглед на тоа колку е тешко  и напорно за некои бодибилдери да ја зголемат нивната мускулна маса.

Во реалноста, мускулниот раст е адаптивен процес при кој телото реагира на потребата, така што се менува наспрема условите.Кога станува збор за мускулите, телото се обидува да се изгради на начин на кој тоа ќе може подобро да управуваа со физичко оптоварувања. Овој адаптивен процес може да започне да се случува веднаш по првата тренинг сесија, а процесот на адаптација на вашите мускули ќе трае постојано, доколку редовно продолжите да тренирате за изградба на мускулната маса и сила.

Стимул
Основен стимул кој влијае врз мускулниот раст е вежбата, посебно анаеробните вежби. Секој тренинг кој предизвикува необично количество на стрес врз мускулите, ќе ги затегне мускулите и ќе го стимулира телото да ја зголеми вашата мускулна сила. Целта на мускулната адаптација е да се зголеми мускулната маса до точка каде што телото удобно ќе може да управувате со обемот со кои ќе се здобие без никакви несакани ефекти.

Мускулни Ефекти
Адаптивните процеси обично се развиваат кога мускулите се подложуваат на голема количина на стрес. Ова обично предизвикува болка во мускулите, која е сензација од мали притисоци и раздробувања кои се случуваат во вашите мускулни влакна. Ова оштетување на мускулите е мало, и закрепнува само по себе со текот на времето.Мускулите се обидуваат да ја зголемат мускулната маса за подобра поддршка на постоечките мускули, за намалување и елиминирање на болка каде што телото се прилагодува за новите оптоварувања и тренинг.

Мускулен Раст
Новите мускулни влакна се создаваат од хранливи состојки кои во голема мера се наоѓаат во вашата исхрана. Главните состојки се амино киселините кои се наоѓаат во протеините и енергијата  која се конзумира преку калории, особено јаглени хидрати. Протеините и енергијата се разложуваат, во амино киселини, кои потоа се реструктуираат за да се формират нови протеини кои се користат во вашите мускули. Различни хранливи состојки помогаат при изградбата на мускулите на клеточно ниво, што резултира со нови мускули.

 

Постојат неколку начини на кои може да се подобри ефикасноста на вашето тело. Прво и основно е редовното тренирање, но не и прекумерно тренирање на мускулите, што може да го влоши  процесот на мускулниот раст, со тоа што ќе направи потешко да се изградат мускулите. Можете исто така да се обидете да јадете големи количини на протеини за да се олесни процесот на новата мускули синтеза и адаптивниот процес, и одморете се убаво во текот на ноќта за да се поттикне растот на мускулите.

 

5 фактори кои влијаат на тоа колку брзо ќе се изгради вашта мускулна маса

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.