Мускулната збунетост ги подобрува перформансите

 

Кога го правите истиот тренинг одново и одново, мускулите на вашето тело се навикнуваат на тоа оптоварување и им станува досадна истата рутина, и затоа стагнирате со напредок на мускулна маса и сила, а тоа се нарекува "Plateau ефект". Но, со постојано мешање на вежбите, сетовите и бројот на повторувања, мускулите стануваат "збунети", принудувајќи ги да работат понапорно и затоа согорувате повеќе калории и напредокот е константен.

Една од клучните стратегии за мускулната "збрка" е да направите добар интервален тренинг.

Пример: Табата тренинг

Во когнитивните науки вежбањето не е само за мускулна сила. Нејзината стратегија има за цел да регрутира различни моторни неврони кои на крајот иницираат порака до мускулите за да им кажат да се контрахираат. Мускулната збунетост и овозможува на моторните неврони да станат поефикасни,за да можат да произведат повеќе сила и да станат посилни.

Покрај тоа, овој начин на тренинг го прави вежбањето и помалку досадно.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.