Се наоѓате во ситуација каде Вашата тежина е идеална, но Вашите нозе не се со добри пропорции со горниот дел од телото? Ако Вашите нозе се предебели во однос на Вашето тело, Ви треба некое решение. Експертите велат, во поглед на генетската структура, дека жените имаат посилни мускули на нозете од мажите (дали сте изненадени?!). Поради тоа се препорачува да одберете програм за вежбање кој ќе го вклучи целосниот Ваш физички потенцијал. Само тогаш ќе можете да ги постигнете Вашите цели.
Големината на едната нога зависи од неколку фактори, вклучувајќи ја и генетиката. Генерално, возрасните жени не можат да тенки нозе доколку истите се ниски, не повисоки од 165 цм. Најниската актерка од „Очајни Домаќинки“, Ева Лонгориа, која има само 157 цм, има најубави и најздрави нозе во Холивуд, според повеќето Американски списанија кои докажуваат дека претходната изјава не е точна.
Едноставното, генерално правило е:
- Вежбање + повеќе храна = големи мускули и големо тело
- Вежбање + помалку храна (диета) = избалансирани мускули и помало тело
Методи за тенки нозе
Носете соодветни обувки
Пред се не носете обувки во кои Вашите нозе не се чувствуваат комфорно или не Ви одговараат. Во спротивно ризикувате да добиете задебелени места на стапалата, болни меури, проширени вени, па дури и извиткување на палците. Носете високи потпетици само кога одите на специјални настани, бидејќи доколку ги носите секој ден, би можеле да завршите со неподнослива болка во зглобовите и болка во стапалата. Трпење во име на „здрава убавина“, не во име на елеганција. Носете комфорни или ортопедски обувки.
Вежбајте јога
Луѓето кои вежбаат јога се воглавно слаби и имаат флексибилни екстремитети. Вежбањето јога ќе ви помогне во балансирање на Вашето тело, правејќи го витко. Кога вежбате јога, Вашиот ум и дух се во процес на континуирана стимулација.
Одвојте 30 минути дневно за јога. Доколку не сакате или немате време да одите на курс за јога, проверете некои видеа за јога на интернет.
Качувајте се по скали
Секогаш е позгодно да се качите во лифт или на подвижни скали, но дефинитивно поздраво и со поголем бенефит е користењето по скали, во двете насоки, нагоре и надоле. Дури и да живеете на првиот кат, пробајте дневно да изодите до трети или четврти кат, посебно во првите две недели. Брзото одење преку ден исто така ќе помогне.
Пливајте често
2 до 3 круга во базен, два пати на ден и Вашите нозе ќе бидат тенки и во тон. Доколку не можете да пливате правилно, доволно е да влезете во базен чија длабочина е 1,5 м и едноставно одете, движете се низ водата. Пливањето согорува повеќе калории од било која друга активност. Никој во светот не се здебелил по пливањето.
Возете велосипед и трчајте
Одберете го трчањето а не автомобилот. Возете велосипед неколку дена во неделата, како и трчање најмалку 2 до 3 км. Во овој случај резултатите ќе бидат видливи за само месец дена. Не се грижете за додавање на мускули или дека нозете ќе Ви бидат подебели, бидејќи секој кардио тренинг во комбинација со диета нема да резултира со билдање на мускули. Во зима, заменете го возењето на велосипед со статичен велосипед, за да не ја изгубите формата.
Прекумерно консумирање на сол води до поголеми нозе и стапала. Нивото на натриум е блиску врзан со задржување на вода во организмот, посебно во долниот дел на телото. Работи како спиење со малку подигнати нозе над останатиот дел од телото или избегнувањето на долгото жешко бањање (предизвикуваат вазодилатација), сигурно ќе помогнат во постигнување на целта за тенки и витки нозе.
За секои 453,6 кг (1 pound) изгубена тежина се губат 3200 калории. Намалете го внесувањето на калории за 500 калории дневно за да изгубите 453, 6 (1 pound) од мастите а подоцна и од мускулите на неделно ниво. Кога ќе го изгубите вишокот на мастите/мускулите, Вашите нозе исто така ќе ослабат.