Најдоброто овошје: Листа на овошје за повеќе енергија

До крајот на денот, после напорното работно време  ние сме истоштени и исцрпени. Тоа може да се случу доколку ги согориме сите резерви на енергија. Ако вашата цел е  да ја одржите вашата килажа а сакате да имате доволно сила до крајот на денот,  ви препорачувам за вечера да одберете здраво овошје наместо мрсна храна. Не заборавајте дека вечерата нетреба да биде обилна и покасно од 8 часот. Еве една листа од 6 овошниплодови кои загарантирано ќе ви ја дадат потребната енергија.

Листа на најдоброто овошје за енергија:

Банана: 

Секој тренер ќе ве охрабри да јадете банани, за да се зголеми нивото на енергија пред вежбање. Бананите се добар извор на јаглехидрати, и се наоѓаат на врвот на листата за овошје кое одлично го покачува нивото на енергијата.

Лубеница:

Ова овошје е освежуително и содржи витамин Ц. Содржината на вода во лубеницата е како оаза во пустината, затоа и ви помага да останете хидрирани.

Јаболка:

Јаболката се голем извор на бавно ослободувачка енергија, плус тие содржат витамин Ц и Б и калиум, и затоа ви дава доволно енергија за до крајот на денот. Јаблкото е едно од најраспротанетите плодови на планетата. Лесно достапно и го има во речиси секој период од годината.

 Портокал:

Портокалот е одличен извор на енергија и витамин Ц. Покрај тоа, портокали содржи фосфор, минерали и растителни влакна за здраво функционирање на вашето тело.

Папаја:

Папајата е многу добар плод, од различни аспекти за здравјето на луѓето. Овој плод, го подобрува имунитетот, гради енергија и нуди анти-воспалителни бенефиции.

Манго:

Мангото е крал на овошјето и е богат со витамин Б и Ц, калциум, калиум, цинк  и протеини.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.