НАЈЛЕСНО Е ДА СЕ ОТКАЖЕШ! Излези од зоната на удобноста

"НАЈЛЕСНО Е ДА СЕ ОТКАЖЕШ" секогаш простујува низ моите мисли кога сум пред некој тежок предизвик. Суштината на таа реченица не е да направам нешто колку што можам, туку колку што можам повеќе да издржам, давајќи се од себе Болката не треба да биде нешто што треба да Ве плаши, таа неможе да Ве убие, а веќе знаете дека тоа што неможе да Ве убие, Ве прави посилни, МНОГУ ПОСИЛНИ.

 

ШТО Е ТОА "ЗОНА НА УДОБНОСТ"?

"Зоната на удобност" или попозната и како "зоната на комфорот" е состојба на збирни однесувања создадени од  веќе постоечки нивоа на способност за извршување на некоја работа, без притоа да се почуствува потреба да се ризикува.

Однесувањето на некоја личност може дирекно да се опише преку неговата или нејзината зона на удобност. Високо успешните личности многу често отстапуваат од нивната зона на удобност, со цел да го остварат зимисленото.

Зоната на удобност е вид на ментална состојба која предизвикува личноста да создаде и да раководи со  поставените ментални граници. Таквите граници  создаваат неосновано чуство на сигурност. Таа може да се смени откако ќе се искуси нешто ново.

 

ЕВОЛУЦИЈА

Да не се симнел човеколикиот мајмун од дрвјата во потрага по подобар живот доле на земјата, никогаш не би постоел човекот во оваа денешна еволуирана форма. Тој е производ на различното, а различното можеби не е секогаш подобро, но секогаш е покреативно. Избегнете го монотоното од Вашите животи и тргнете кон остварување на Вашите цели.

За да постигнете нешто морате постојано да се надоградувате. Како пример ќе го посочам образованието, таму сите ние сме учеле да пишуваме, читаме, сметаме, цртаме итн. Наредната година не сме ги учеле истите работи повторно, бидејќе веќе сме научиле да пишуваме, читаме, сметаме и цртаме, наместо тоа сме учеле посложени работи. 

Исто е и со спортот. На почетокот можеби ќе правите по 5 склекови, ќе трчате едвај 500 метри, но со текот на постојано правење на склекови, тие 5 стануваат многу лесни и се чуствуваме дека можеме повеќе,10-20-50, а тие 500 метри ќе се претворат во 10 километри. Само така ќе напредувате и ќе можете да правите се повеќе и повеќе. Секогаш борете се и онака животот води постојана борба со смртта, а додека сте живи – победувате

 

СЕКОГАШ ПОСТАВУВАЈТЕ ЦЕЛ

Целта е таа што ќе Ве натера да излезете од зоната на удобност и да ја поместувате таа ментална бариера се погоре и погоре со секој нареден пат кога ќе дадете се од себе.

За безбедно да излезете од Вашата зона на комфор е секогаш да поставувате цел малку повисока од таа што можете да ја постигнете, а доколку ја постигнете обидете се уште малку повеќе. Тоа уште "малку повеќе" е моќната алатка која ќе ги смени Вашите навики трајно.

Целта може да биде број на важби, број на серии, километри, Вашиот иден изглед од соништата, Вашите нови навики.

 

ПРЕДИЗВИК – 21 ДЕН РАНОБУДНИ

Тврдењата се дека 21 ден е доволно за да измените некоја навика која што не ја сакате кај Вас. 

Долгото излежување во кревет и притискањето на "snooze" на алармот се само лоши навики. Убедете се себеси дека ќе станувате секој ден во период од 21 ден по ред, во 6 часот.

Запомнете дека ветувањето несмеете да го прекршите, така само навидум ќе ги излажете другите, но неисполнетото ветување кон себе носи многу негативна слика за самите Вам и докажува колку слаб карактер имате.

На почетокот ќе имате голема болка додека го извршувате предизвикот, но после 21 ден нема да почуствувате  ништо лошо, бидејќи раното станување ќе биде нормална работа. Тогаш ќе креирате нова и здрава навика, а воедно ќе го рестартирате Вашиот биолошки часовник.

За полесно расонување извршете утрински тренинг.

 

Друг пат не се прашувајте зошто сте дебели и неколку години не се променило на подобро, туку само на лошо. Знајте дека сте во Вашата зона на удобност!

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.