Напитоци на младоста

Едноставни напитоци кои можете и треба да ги конзумирате секојдневно, кои покрај здравствените придобивки, ќе го забават и процесот на стареење поради богатството на витамини, антиоксиданси и минерали.

 

ВОДА

Крвта е 83% вода, мускулите се 75% вода, мозокот е 74% вода, коските се 22% вода, целото тело е 2/3 вода! Губењето на 1% вода може да го загрози здравјето. Водата е основниот елемент за убавината и за младешкиот изглед. Пиењето вода и дава сјај на кожата која е составена од 20% вода и доволно хидрираната кожа изгледа помлада.

КАКАО

Број 1 во содржењето на антиоксиданси и магнезиум об било кој друг напиток! Ги одржува коските млади и силни, се грижи за срцевиот мускул, високиот крвен притисок и холестеролот. Антиоксидансите се борат против слободните радикали кои се виновни за предвременото стареење предизвикано од сончевите зраци и нездравата исхрана. Содржи сулфур кој е познат како "минерал на убавината", задолжен за изградба на косата и ноктите, како и сјајот на кожата.

 

КАФЕ

После нафтата е вториот најбараниот производ на планетата. Богато е со антиоксиданси кои ги спречуваат слободните радикали да предизвикаат предвремено стареење. Кофеинот во кафето Ве расонува и Ви дава младешки изглед и енергија, а воедно делува и како топач на вишокот масти.

 

ЗЕЛЕН ЧАЈ

Антиоксидансите во зелениот чај се 100 пати поефикасни од витаминот Ц и 25 пати подобри од витамин Е. елениот чај содржи антиоксидант, познат како полифенол, кои се борат против слободните радикали, кој помага при борбата против стареењето и ја промовира долговечноста. Зелениот чај ја штити кожата од штетните ефекти на слободните радикали, кои предизвикуваат брчки и стареење на кожата. Зелениот чај, исто така, им помага за борба против рак на кожата.

 

СВЕЖО ЦЕДЕНИ СОКОВИ ОД ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК

Богати со витамини, минерали и други заштитени состојки кои делуваат како детоксикатори на организмот од разните отрови кои предузвикуваат изнемоштеност и болести на организмот. Исто така, слободните радикали се спречени од страна на богатиот состав на антиоксидансите во овои сокови. Направете свежжо цеден сок од сезонските плодови и уживајте во продолжената младост.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.