Вистината е едноставна но, сепак патот до неа е комплексен. Еден јогин треба да знае дека Вистината е таа која го води кон трансформација на себе си, за да биде среќен, слободен и успешен како во духовниот, така во матријалниот свет. На својот пат ги согледува своите добри и лоши страни. До колку намерата е искрена и постојана во праксата, тогаш постепено ги надминува своите слабости и доблести, кои пак го носат на ниво над биолошкото постоење, освестува космичка димензија, тој станува реализиран. Како ученик, јогинот на патот ќе се соочи со своето его кое ќе му постави лекции кои ќе треба да ги препознае и да ги надмине. Можно е да се најде себе си во џунгла но, упорноста ќе го доведе до вистинскиот пат на среќно чувство. Сепак на самиот почеток потребно е водство од учител кој ќе не упати на патот.
Почитувајќи ги принципите и правилниот однос помегу учителот и ученикот, како да сме добиле мапа која не води сигурно по невидливите патишта. Ученикот оди кон учителот како жедна душа кон изворот на водата, со целосна доверба, почит, скромност и благодарност. Овие доблести се отвореноста, протокот на знаењето и мудроста доагаат како последица на довербата помегу ученикот и учителот, воспоставување на врска во која тече енергија на предавање. Без оваа доверба, доаѓа до отпаѓање на едниот или друѓиот.
За да го препознаеме егото, треба да сме свесни за неговата интелиѓенција, за маските кои ни ѓи наметнува многу суптилно. Кога ученикот ќе се почувствува заморно, се јавува сомнеж во себеси, во учителот и воопшто во учењето, заборава на изодениот пат и на сите дотогашни плодови. Егото до толку го залажува ученикот, што кај него почнува да ослабнува почитта, скромноста и довербата. Оваа состојба го носи ученикот кон одалечување од вистината и на крајот го сече каналот на врската. Учителот е тука да го освестува ученикот, да го следи неговиот пат и да го води за рака но, и да го втурне во вистината која понекогаш изгледа како страшен длабок бунар.
Учителот не е случаен пролазник во животот на ученикот кој го користиме во една фаза на животот, од таа причина за да се исполни целта на учењето е да се освести егото. Ученикот и понатаму може да бара друг учител но, до колку не го промени својот внатрешен став на егото кое му вели “Тој не е за мене, премногу е ваков или таков”, и продолжи да не го контролира егото, тој повторно ќе залута во џунглата на своите мисли и желби.
Принципот на односот ученик – учител е: “ Доверба и Предавање”, духовен закон кој без него учењето нема смисла.
Оној кој се одлучил да побара учител, треба да си постави две прашања:
-Дали сум спремен да учам?
-Дали е ова мојот учител?
После овие прашања следуваат искушенијата, Вашиот пат ќе зависи од Вашата одлука во колкава мера таа беше стабилна.
Лилјана Пленз