Несоница

Несоницата може да биде последица на вознемиреност, стрес, прејадување во доцните часови или консумирање на пијалок со разбудувачко дејство (како што се кафето, зелениот и црн чај, енергетски пијалоци), некогаш дури и замор, бучава, а во летно време и од високата температура…
Кога  НЕ  станува збор за надворешни фактори (како бучавата) кои доведуваат до несоница постојат неколку начини за да се ослободите од истата.

ИСХРАНА

Целосно да се исклучат, кафето, зелениот и црн чај и другите напивки кои доведуваат до вознемиреност.
Треба да се исклучи и консумирањето храна навечер – да не се јаде ништо после 19 часот.
Неопходно е да се исклучи солта,храната да се вари пократко време,да се исклучат кекси и колачите, брашно.
*Да се јаде многу моркови, лук, пиење на големо количество вода (особено во топлите летни денови кога телото може да дехидрира), а се препорачува и чај од валеријана кој е познат по своето смирувачко и успивачко дејствие.

ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ

За оние кои што се во можност се препорачува да возат точак, трчаат, пливаат или да направат  било каква активност која што малце ќе ве замори поточно исцрпи вишокот на енергија која што може да биде причина за несоница. За оние кои што поголем дел од денот го поминуваат на работа и не се во можност да практикуваат нешто од погоренаведеното им препорачуваме да направат една прошетка пред да легнат.

МЕДИТАЦИЈА

Медитацијата има способност и сила да го смири телото. Затоа ви препорачуваме доколку сте под стрес, вознемирени или изнервирани да направите медитација пред  да си легнете.

МАСАЖА

Масажата, исто како и кај медитацијата,има способност да го опушти телото од  стегите кои му го наметнуваат секојдневието. Можете дури и да направите ментална масажа,поточно да го масирате она место кое што е најстегнато со сопствените мисли преку визуализација.

ТУШ

Туширањето и тоа како го опушта телото. Ви препорачуваме да не го направите тоа ниту со многу ладна, ниту со многу топла вода.

МУЗИКА

Одреден вид на музика може да има успивачко дејство. Посебно препорачлива е  лента на која се снимени бранови…

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.