Огледалото е најважната справа во теретана!?

Огледалата во фитнес клубовите се поставени за да извршуваат одредена фнкција, но потребата од нив најчесто се сваќа многу погрешно. Доколку сте од оние кои што мислат дека огледалата во теретана се поставени за Вие да можете да се видите и да му се восхитувате на Вашето совршено тело од соништата, делумно многу грешите.

 

Барем тоа не е примарната функција на огледалата, можеби зголемувањето на егото му е секундарната функција. Огледала во фитнес, пилатес, јога и другите клубови, се поставени со една главна и примарна цел, тие се таму за да можете Вие да ги правите сите вежби правилно и ефективно. 

Можеби се уште ја немате сфатено важноста која ја има огледалото додека вежбате. Пробајте изведете вежба со и без огледало и споредете ја разликата. Со тоа ќе ја почуствувате вистинската потреба од огледало.

Огледалата се тие кои Ве мотивираат согледувајќи го Вашиот напредок, а воедно Ви овозможуваат да ја согледате техниката на изведувањето на вежбите. Гледај ги едноставните работи во огледалото, како што се потта додека губите калории и топите масти и напумпаните мускули се доволен мотиватор да се чуствувате непобедливи како борец, а со тоа ги изведувате вежбите на емоционално ниво.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.