Ослабете 5 килограми за 1 недела со употреба на ЦИМЕТ

Циметот е зачин кој се добива од кората на зимзелените Cassia дрвја, и има кулинарски и медицински намени. Циметот не е топач на масти, но го регулира нивото на шеќер во крвта и нивоата на инсулин, и со тоа му помага на Вашето тело да ја одржи состојбата на топење на маснотиите. Циметот истот така пронаоѓа и медицински примени. Се препорачува за подобрување на варењето на храната и ослободување од гадење, надуеност и дијареја.

Се што треба да направите е да го додадете циметот во вашата исхрана, кој одлично се комбинира со јогурт, протеински шејкови, млеко и овесни снегулки, овошна салата, јаболка, цитрон, портокал, кафе и чај. Циметот не само што ќе ви помоигне да се ослободите од масните наслаги на стомакот, едноставно ќе ви даде можност да уживате во неговиот вкус.

Препорачената дневна доза на цимет за употреба на брзо намалување на стомачните масни наслаги, е не повеќе од 4-6 грама на ден. Обично, се зема половина кафена лажица после појадок, половина кафена лажица после ручек и половина кафена лажица после вечера. Со редовна употреба на циметот во вашата исхрана за една недела ќе намалите прилично 5 килограми.

ИСТРАЖУВАЊА

Една студија објавена во " весникот на Меѓународното здружение за спортска исхрана ", објави статистички значајни податоци за намалувања на телесните масти за пред- дијабетични пациенти кои земале дневно по 500 мг (половина кафена лажица) цимет растворен во вода, во текот на 12 недели. Во прилог имало подобрување на телесниот состав , пациентите исто така, профитирале со намалување на  систолниот крвен притисок и намалена гликоза во крвта , што укажува дека цимет може да ги намали ризиците поврзани со кардиоваскуларни болести и дијабетес. Во една студија објавена во "American Journal of Clinical Nutrition ", истражувачите откриле дека консумирањето 3 g (тоа е прилично една и пол кафена лажица) на цимет дневно доведе до подобрување на инсулинската функција.

НЕСАКАНИ ДЕЈСТВА

Циметот може да предизвика иритација на кожата или алергиски реакции кај некои поединци. Иако тоа се ретки случаеви, како и можноста да предизвика зголемување на отчукувањата на срцето и отежнато дишење, имено цимет е сосема бвезбеден да се употребува како додаток во исхраната.

Бремените жени и доилките треба да го избегнат циметот, бидејќи нема доволно научни податоци за безбедноста на нивните  доенчиња.

 

ОПОМЕНА

Циметот може да помогне за намалување на вишокот на килограми, но тоа не може да биде целосна замена за здравиот начин на живот , како што се правилна исхрана и редовно вежбање. Затоа се препорачува во прилог на земањето цимет, да бидете сигурни дека вашата исхрана е квалитетна и нагласува овошје, зеленчук, ниско-масни млечни производи и посни извори на протеин. Тренирајте до 30 минути или подолго, со умерен интензитет аеробни вежби секојдневно и вклучете вежбање за оформување на вашето тело два до три пати неделно.

 

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ ЗА ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРИДОБИВКИ ОД ЦИМЕТОТ

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.