Откријте го додадениот шеќер

Пронаоѓањето на шеќерот на етикетата со состојките на храната е работа која ќе бара од Вас малку детективска вештина. Производителите на храна и пијалоци мораат да ги наведат состојките кои што ги користеле за нивна изработка, како и количината на шеќер која што ја содржи. Тоа можете да го видите на табелата со хранливи факти за храната. Но големата дупка во законот е тоа што тие немораат да наведат колку од тој шеќер е додаден во храната и пијалоците, а колку од тој е природен. Поради оваа причина Вие ќе морате да ја "скенирате" листата со состојките од етикитата за да дознаете.

По правило состојките се наборојани според најголемата тежината, односно процентот со кои влегуваат во составот, па затоа позицијата на шеќерот во листата треба да Ви даде до знаење дали во храната се состои многу шеќер или има незначително малку.

Но морате да внимавате, додадениоте шеќер може да се појави под разни имиња, а сепак сите тие се извор на дополнителни калории. Препорачаната безбедна граница кај жените за додаден шеќер е 100 калории, односно 24 грама или околу 6 лажици шеќер. Додека кај мажите калориите од екстра шеќерот треба да се 150, или околу 9 лажици, 36 грама шеќер.

 

Но запомнете – Вашето тело нема никаква потреба од јаглехидратите кои доаѓаат од додатоците на шеќер. Во прилог следи листа која што содржи скриени извори на додаден шеќер, а ќе ги најдете на листата на состојки на храната и пијалоците.

 

 

•Агаве нектар                                        •Кафеав шеќер
•Засладувач од пченка                        •Пченкарен сируп    
•Фруктоза                                              •Шеќер од трска    
•Глукоза                                                 •Високо фруктозен сируп од пченка    
•Мед                                                       •Декстроза
•Инвертен шеќер                                 •Суров шеќер    
•Сахароза                                             •Шеќер    
•Сируп                                                   •Маласа

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.