Нејзиниот состав на високо квалитетни материи е фантастичен: јод, хлор, фосфор, магнезиум, калиум, манган, цинк, бакар, наицин, биотин, витамини… во превод, овесот е добар да се користи во секојдневната исхрана бидејќи го подобрува создавањето на крвта, ги зајакнува коските, го подобрува работењето на мозокот и ја подобрува мускулната маса.
Поради лесното варење се препорачува на лица со заболен желудник , како и на оние со бронхиални пречки. На слабите деца и исцрпените луѓе им се советува да да го земаат секој ден, во облик на каша или поинаку. Важно е овесот да се вари од 2 до 5 минути, бидејќи во тој интервал не се губат хранливите состојки кои ги има.