P90X – Трансформирај го телото за 3 месеци дома

P90X е НАЈКОМПЛЕТНАТА домашна фитнес програма! Но со програмава нема трикови, ова е напорна работа, доколку сакате да ја започнете морате пред тоа да имате вежбано најмалку 1 месец во теретана. За да можете да ја вежбате дома ќе Ви бидат потребни само еднорачни тегови  (различни тежини) и вратило. Доколку немате реквизити, можете да ја правите програмата во некој фитнес клуб.

Што ја прави P90X програмата толку успешна?

P – program  90 – days  X – extreme, односно 90 дневна програма на екстремен домашен фитнес. Целата работа се базира на збунување на мускулите. Целта на оваа програма е да се избегне "плато ефектот" што претставува промени на телото само во првите неколку недели поради едноликоста на вежбите. Тука се постигнува континуирано менување и развивање во тој период од 90 дена.

Вклучени се многу вежби кои ќе Ви помогнат да ги стопите масните наслаги, да развиете силни и атлетски мускули и да ја подобрите кондицијата.

 

Какви вежби се вклучени?

Вклучени се широк спектар на вежби што го прават P90X толку ефикасен и никогаш здодевен. Тренинг со тежини, кардио, плајометрија (вежби со скокови), стомачни, боречка вештина, истегнување и јога ја прават оваа програма да научите многу повеќе, а сте немале кого да прашате. Има 3 верзии: класична, за екстра слабеење и за девојки. Секој месец има различни вежби

Какви резултати ќе добиете?

Со оваа програма ќе ги изгубите вишокот на масти, ќе ставите чист мускул, ќе станете флексибилни и отпорни на повреди, ќе го подобрите здравјето и најважно од се ќе се чуствувате поубаво и посилно како никогаш порано, а поголемата самодоверба е плус.

 

Каква треба да ми биде исхраната?

Исхраната се состои од различни 3 фази, кои се поклопуваат со 3 фази за важбите. Имате електронска книга која Ви служи како водич и Ве насочува во тоа што сакате, да изгубите масти, да ставите мускул и да ја зголемите енергијата. Има многу здрави и вкусни рецепти.

Оваа програма е креирана од Тони Хортон – 48 годишен фитнес инструктор, на кого не би му дале повеќе од 30 години и претставува производ на неговото долгогодишно искуство.

 

"P90X – Do your best and forget the rest" – 6 дена во неделата

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.