Стандардните склекови ги зајакнуваат градните мускули, трицепсот, рамото, и јадрените мускули.
Доколку се решите да се поставите долу на подот и да испумпате неколку серии на склекови, а тоа да биде лесен и ефективен начин на тренинг кој ќе трае не повеќе од 5 минути, тогаш направете комбинација од повеќе видови склекови. Како на пример овој ПРЕДИЗВИК.
Но доколку сакате да ја зголемите моќноста и експлозивноста на горен дел од вашето тело, тогаш плиометричните склекови се една од најсоодветните вежби која ќе ви помогнат да ги подобрите вашите перформанси.
Разликата помеѓу стандардните склекови и плиометричните склекови е во крајот на движење: стандардните склекови се контролирано движење нагоре и надолу, со запирање во целосна екстензија на рацете, а плиометричните склекови се експлозивно движење, каде крајното движење, односно завршната позиција е со исправени раце без контатк со подот. Еве како изгледа тоа:
Застанет во позиција штица со рацете целосно исправени. Полека спуштете се во позиција на склек. На дното на движењето, свклучете ги мускулите на градите, јадрото, рамото, и трицепсот за да можете моќно да му овозможете на вашиот горен дел од телото да се отурне што посилнои за да се задржи подолго време во воздух. Вашите нозе остануваат во контатк со подот.
Ако сте во напредна фаза, додадете и плескање со рацете додека сте во возду, односно пред да поставите контакт со вашите раце на подот.