Погрешните вежби водат до погрешни резултати

Луѓето се откажуваат од вежбањето во првите 6 месеци, најчесто од две причини: или нема да успеат трајно да створат време во својот ден за вежбање или тие не гледаат никакви резултати. Исто така, имаат погрешен пристап  во вежбањето и грешки, кои всушност не водат никаде.

 

Важно е да се направи прав избор на вежби и да се работат правилно. Вежбите не можете да ги научите ако гледате други луѓе во теретана како вежбаат. Не можете да бидете сигурни дека  тие ги прават правилно, ниту пак знаете кои се нивните можности и која е нивната ориентација. Најдобро е да си направите план и програма во косултација со професионален тренер кој ќе ви помогне да ги изберете најдобрите вежби за она што сакате да го постигнете. Исто е важно да научите тие вежби да ги правите правилно како би ги избегнале и можните повреди.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.