Нова студија извршена од Харвардското училиште за јавно здравје дојде до докази за тоа колку е важен појадокот за добро здравје, особено за здравјето на срцето и крвните садови.
Истражувачите открлиле дека луѓето кои што редовно го прескокнуваат појатокот, особено мажите имаат 27% поголем ризик да добијат срцев удар или смрт поврзана со некој срцева болест за разлика од оние кои редовно доручкувале секое утро.
Луѓето што го прескокнувале појадокот најчесто се чуствувале погладни подоцна во денот и јаделе повеќе храна во текот на ноќта, најчесто тоа водело до промена во метаболизмот која што води до срцево заболување.
Тоа испраќа јасна порака "Појадокот е многу вежен оброк", тој е значаен за правилен раст и развиток на организмот, како и за добро будење. Размислете следен пат дали ќе го прескокнете.