Покачување на нивото на Тестостерон

Тестостеронот е хормон кој што е од круцијално значење за изгрдба на мускулите. Овој хормон ја стимулира маженственоста. Нормалното ниво на тестостерон кај мажите изнесува од 250 до 850 нанограма на декалитар крв. Кај жените овој хормон се лачи 20ина пати послабо отколку кај мажите.


Во идеален случај кога нивото на тестостерон е близу до максимумот (850 нанограма) ќе имате максимална енергија и продуктивност, а на вашите мускули ќе им овозможите да го достигнат максимумот од вежбањето.
Ако нивото на тестостерон е под потребното ниво симптомите можат да бидат; летаргија, промена на расположението, потентност, заборавање, покачување на мастите во организмот.

Нивото на тестостерон може да биде стимулирано по природен начин, а за тоа се потребни максимално квалитетен тренинг, храна и начин на живот. Еве 10 начини како да го зголемите нивото на тестостерон во вашиот организам, а со тоа и да уживате во сите негови доблести.

1. Кардио Тренинг

Кардио тренингот може да биде важен аспект, кој ќе повлијае на нивото на тестостерон. Правете го со среден интензитет, околу 30 минути дневно. Најдобрата опција е наутро, 4 пати во неделата.

2. Претренираност

Претренираноста може значително да го намали нивото на тестостерон. Затоа во текот на неделата се потребни два дена одмор на организмот. Исто така тренингот да не трае подолго од 90 минути.

3. Вечерен тренинг

Нивото на тестостерон е највисоко наутро и во текот на денот постепено опаѓа. Можеби утринскиот тренинг ќе биде посилен, но кревањето на тегови доцна попладне помага при зголемувањето на нивото на тестостерон.

4. Спиење

Доколку не му се овозможи доволно спиење на организмот, доаѓа до намалување на нивото на тестостерон. Затоа се потребни барем 7 часа сонч

5. Белковини

Конзумирањето на белковини помага во закрепнувањето на мускулите после напорен тренинг, а исто така и го стимулира лачењето на тестостерон. Јајца, риба, млечни производи се одлични извори на протеин.

6.  Месо

Заситени масти се храна од важно значење за лачењето на тестостеронот. Најдобро за организмот е 15% од калориите потребни за дневно функционирање да доаѓаат од заситени масти (месо, јајца и сл.), а 10% од незаситени масти (пилешко, риба, бадеми и сл.), додека остатокот од калориите да се обезбедува преку овошје, зеленчук и пијалоци.

7. Зеленчук

Брокули, карфиол и зелка се зеленчуците кои можат да го стимулираат лачењето на тестостерон. Потребни се 1-2 порции од овие зеленчуци во текот на еден ден.

8. Додатоци во исхрана

Постојат и вештачки стимулатори на тестостерон, но треба да се конзумираат со исклучително ниво на претпазливост, затоа што постои голем ризик од несакани ефекти.

9. Избегавајте алкохол

Алкохолот е сигурен начин за намалување на нивото на тестостерон. Затоа треба да го избегавате алкохолот или во најмала рака да не претерувате.

10. Сексуална активност

Многу луѓе мислат дека со сексот ги намалува спортските достигнувања, но во практика тоа не вистина. Честата сексуална активност е одличен начин за покачување на нивото на тестостерон.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.