Се нарекува уште и "совршената храна", поленот од пчели има неверојатен состав. Содржи околу 40% протеини во многу лесна дигестивна форма, 16 витамини, 28 минерали и цел куп на ензими. Исто така има супстанци кои стимулираат производство на хормони, лецитин, масни киселини, нуклеински киселини и антиоксидантни фитонутриенти.
Многубројни истражувања ги потврдија антибиотичките својства и улогата во намалувањето на холестеролот. Со конзумирање на полен од пчелите се зајакнува имуниот систем и го подобрува заздравувањето на кожата.
Се верува дека поленот делува како храна која го намалува стареењето. Направено е испитување од страна на Д-р Тситсин, главен биологист во Лонгвиети Институтот во Владивосток. 200 жители на Грузија во текот на својот живот секојдневно конзумурале свеж полен од пчели и доживеале старост над 100 години, некои и до 125!
Само свежиот, термички необрабоен полен ги содржи сите хранливи состојки и придобивките од ензимите.