Крвната група, географската положба и расата испреплетени заедно го оформуваат нашиот човечки идентитет. Можеби постојат и културолошки разлики, но кога ќе се земе предвид крвната група, тогаш се гледа колку се тие површни. Вашата крвна група е постара од вашата раса и пофундаментална од вашата етнича припадност.
Иако се чини дека раните расни промени се јавиле со свет што бил составен скоро исклчучително од крвната група О, расното раздвојување – заедно со адаптации во исхраната, околината и географската положба – била дел од еволотивниот процес што во крајна линија ги создал останатите крвни групи.
Некои антрополози веруваат дека класифицирањето на луѓето по раса е премногу едноставно. Крвната група е многу поважна детерминанта на разликите и сличностите околу расата. На пример, Африканеци Кавказец се крвна група А би можеле да разменат крв или органи и имаат сличности во склоностите, дигестивните функции и имунолошките структури – карактеристики што не би им биле заеднички со со припадник на нивната раса со крвна група Б.
Расните разлики заснивани на бојата на кожата, етничката припадност, географските локации или културолошките корења не се валиден начин за разикување на луѓето. Членовите на човечкатараса имаат многу повеќе заеднички карактеристики отколку што сме можеле да претставиме. Сите ние сме потенцијални бракја и сестри според крвта.
Денес, разгледувајќи ја оваа неверојатна револуција во еволуцијата, ни станува јасно дека нашите предци имале биолошки шеми што одговарале на нивната околина. Затоа денеска според проучувањата на крвните групи се тврди дека , генетските карактеристики на нашите предци живеат во нашата крв и денес.
– Група О: Најстарата инајосновната крвна група, преживувачот на врвот на синџирот на исхрана, со силен и своеглав имунолошки систем, со способност и волја да уништи секого, и пријател и непријател.
– Група А: Првите имигранти, принудени од неопходната преселба да се приспособат на поаграрна исхрана и животен стил, со посоработлив карактер за пренаселените општества.
– Група Б: Асимилаторот, што се приспособува на нова клима и мешовити населенија, ја претставува потрагата на природата по поголема рамноотежна сила меѓу тензиите на умот и потребата на имунолошкиот систем.
– Група АБ: Комплексно создание од реткиот слој меѓу толерантната група А и поранешната варварска, но поизбалансирана група Б.
Нашите предци ни оставиле на секој од нас посебно наследство, зацртано во нашите крвни групи. Ова наследство парманентно постои во нуклеусот во секоја наша клетка.