Нитрогенскиот (азотниот) баланс е најдориот показател за тоа дали се внесува доволно протеин, а тоа го одговара прашањето колку протеини поединецот треба да се внесе во текот на денот. Сите микроелементи, мастите, јаглехидратите и протеините се состојат од јаглени, водородни и кислородни молекули како дел од нивната градбена структура. Само протеините содржат азот.
ПОЗИТИВЕН АЗОТЕН БАЛАНС
Ова е идеална фаза за раст на мускулите, каде што внесениот нитроген е поголем од тој излезниот, што се троши. Во суштина ова покажува дека телото закрепнало доволо од последниот тренинг. Колку е поголем азотниот баланс, толку телото побрзо се опоравува. Тогаш телото се наоѓа во анаболна состојба.
НЕГАТИВЕН АЗОТЕН БАЛАНС
Ова е најлошата состојба во која може да се најде бодибилдерот / спортистот, каде што губитокот на нитроген е поголем од неговиот внес. Не само што азотот излегува од мускулот каде што е потребен за раст на истиот, туку и се губи од виталните органи каде што можат да настанат сериозни оштетувања. Негативниот нитрогенски баланс го уништува мускулот и ова се нарекува катаболичка состојба.
НЕУТРАЛЕН АЗОТЕН БАЛАНС
Исто така постои состојба каде што бодибилдерот може да го постигне само минималното, а тоа е кога азотниот внес и потрошувачка се еднакви. Во ваква состојба неможе да се очекува напредок на бодибилдерот.
НАЧИНИ ДА СЕ ПОСТИГНЕ ПОЗИТИВЕН НИТРОГЕНСКИ БАЛАНС
– 1-1.5 гр. на кг. тежина протеини со комплетен аминокиселински состав
– одмор по интензивен тренинг
– тренинг со големи тежини и мал број повторувања