Кога луѓето размислуваат како да трчаат, тие претежно се фокусираат на стапалата. Како и да е, правилното трчање секогаш започнува со главата, па следат ред други работи и се до нозете. Ако главата и горниот дел од телото се наместени правилно, долниот дел од телото и чекорот ќе се движат точно како што треба.
Една важна работа што треба да се разбере за тречањето е дека треба секогаш да се трча на ефикасен и правилен начин, за да се постигне целта која ја имате поставено пред себе. Притоа избегнувајќи го лесното уморување за да можете да истрчате што е можно повеќе, се разбира без повреди.