Принципи на ПРАВИЛНА ИСХРАНА

Запамтете, за да ја намалите или зголемите вашата тежина мора да јадете повеќе! Меѓутоа, вашиот избор на храна треба да биде правилен и здрав. Ова се неколку "принципи на правилна исхрана", кој ќе го подобрат изгледот на вашата фигура и ќе направат трансформација на вашето здравје. Фотокопијате ја оваа страница и прикачете ја на вашиот фрижидер или некој од плакарите во вашата кујна, каде што ќе ве потсети да ги следите навиките се додека не станат дел од вашиот животен стил.

– Јадете 5-6 мали оброци секој ден.

– Јадете на секои 2-3 часа.

– Комбинирајте протеини и сложени јаглехидрати во секој оброк.

– Пијте барем 2 литри, или 8 чаши, вода секој ден.

– Никогаш не ги пропуштајте оброците, особено појадокот.

– Избегнувајте, рафинирана храна особено белото брашно и шеќерот.

– Избегнувајте ги сите заситени масти.

– Избегнувајте газирани и густи сокови, натрупани со шеќери.

– Конзумирајте соодветни здрави масти секој ден.

– Избегнувајте алкохол – уште една форма на шеќер.

– Избегнувајте ги сите калорични видови на храна кој содржат мала количина на  хранливи вредности.

– Дајте им предност на свежото овошје и зеленчукот за да го подобрите внесот на растителни влакна, витамини, минерали и ензими.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.