Природните вредности на БРОКУЛИТЕ

Брокулите потекнуваат од Италија, поточно од периодот на римската империја. Овој зеленчук бил добиен со калемење од дива зелка. Брзо се распростанува на блискиот исток, каде што бил ценет заради своите јастиви расцветани глави.
При изборот на брокули треба да се избираат оние со компактни споени цветови. Треба да бидат со еднаква боја – темно зелена или лиљаково зелена.


Лековитите својства на ова растение се многу. Во својот состав брокулата содржи сулфорафан и индоли. Овие материи ни помагаат да се заштитиме од најтешките болести како што се рак на белите дробови, на дебелото црево, рак на дојката, на јајниците и на мочниот меур. Сулфорфанот ја поттикнува синтезата на белковините кои ги штитат клетките од рак, се пренесува од системот за варење во останатиот дел на телото.

– Помагаат при залечување на инфекции, кои пак се причинители на чир.
– Сулфорфанот помага при залечување на кожа оштетена од сонце.
– Брокулите допринесуваат за намалување на ризикот од срцеви заболувања.
– Помагаат за изградување на силен имунолошки систем.

150 грама брокули содржат 40 калории и 4,5 грама протеини. Тие се одличен извор на витамини А и Ц, сите видови на Б витамин (Б1,Б2,Б3,Б5,Б6,Б7,Б9,Б12), калциум, калиум, магнезиум.
Помагаат при зацврстувањето на коските, една чаша варени брокули содржи 70мг калциум плус 120мг витамин Ц, кој што го подобрува апсорбирањето на калциумот.
Има многу начини како да ја конзумирате брокулата. Таа е одличен додаток за било кое јадење. Цветот на брокулата е добар за салата, а држките се одлични за во супа или чорба. Држките исто така можат да се излупат, а кората од нив е препорачлива за чај кој ја подобрува работата на желудникот.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.