Сигурно има некој вид на храна што ја сакате сега, а сте ја мразеле како дете. Сте ја избегнувале само затоа што сте мислеле дека не ви се допаѓа?
Иако е точно дека вкусот е субјективен, јас никогаш не сум слушнал убедлив аргумент дека е подобро да не ви се допаѓаат некој вид на храна отколку да ви се допаѓа.
Психологијата на вкусот е дополнително комплицирана од нашите природни аверзии кон нештата кои се нови или различни од она што се очекува. Храна со уникатен текстури како печурки и бамја често се жртва на оваа пристрасност. Во овие случаи Непознавањето и непознатоста на текстурата од овој тип на храна, преддизвикува малку непријатност, и ние го протолкуваме тоа чувство како лично не допаѓање. Меѓутоа, оваа реакција се одразува на изгледот на храната, а не на вистинскиот карактер.
Нашата тенденција да не ни се допаѓаат и да го мразиме она што се коси со нашата перцепција на удобност е истражено во книгата на Малком Гладвел, “Tрепкање: Моќта на размислување без размислување”. Тој тврди дека ние правиме предвремени одлуки за сè што се случувае врз основа на претходно искуство. И додека оваа способност понекогаш може да ни помогне да направиме мудри одлуки, но понекогаш може и да ни створи погрешно мислење. Со други зборови, понекогаш нашите први впечатоци можат да бидат погрешни.
Знаејќи за оваа пристрасност може да ви помогне да ја надминете аверзијата кон мислата за храната која не ви се допаѓа, па дури и да научат да ја сакате. Првиот чекор е да прифатите дека постои вредност во уживањето на храната во која не сте уживале до сега. Не велам дека треба да развиете разбирање за замрзнати тестенинии и претерано мрсна храна, но за повеќето свежи, природни хранливи продукти вреди да се пропуштите на проучување на новите фкусови.
Комбинирањето на храната која не ви се допагја со неколку други продукти кои ги обожавате, може да ви помогне да се навикнете постепено на тој продукт.
Декорирањето на храната претставува уште една одлична можност да ја прифатите храната што не сте уживале во минатото.
Клучниот збор тука е "уживајте". Јадењето зеленчук е несомнено здравo, но најдобрата причина да јадете брокула е дека апсолутно тоа го сакате.