Психологија за растот на мускулот

Преку практичен пример од секојдневието ќе се обидам да Ви го доволам "размислувањето" на мускулот за тоа кога да расне. Мускулот реагира на поставените барања, за да имате големи мускули – МОРАТЕ ВИСОКО ДА ЦЕЛИТЕ.

 

Но нема лесен пат за тоа, нема користење лифт доколку сакате да постигнете нешто по природен пат, а притоа да биде нешто што ќе остане за подолго време. Природно добиените мускули се враќаат многу побрзо доколку по некоја пауза почнете пак да вежбате. За природно изградени завидливи мускули, морате да го одберете патот до врвот кој што се оди по макотрпите скали.

 

Ова значи дека треба постепено и етапно добивање на резултатите. Мускулнотo влакно расне многу полека, изгледа на него никаде не му се брза. Секој обид за брзо добивање мускулна маса со помош на стероиди, се само залажување на корисникот на истите. Со нив добивате мускули со низок квалитет, односно мускули полни и надуени со вода.

Сега кога знаеме дека мускулите растат полека, нема зошто да сакаме да брзаме, туку треба да пронајдеме начин нивниот обем континуирано да расте, без плато ефект.

Накратко ќе Ви дадам прост пример од секојдневието за тоа како мускулот расте.

 

-"Ќе замислиме дека имате фабрика и произведувате пакет продукти (тежина при вежбање), додека од другата страна некоја фирма праќа камион (мускулот) да ги земе тие пакети. Доколку Вие произведувате константно ист број на пакети, големината на камионот ќе биде иста постојано.

Ако го зголемите бројот на пакети и тие ги товарите во истиот камион, Вие ќе го претоварите. Со тоа може да се појави дефект кај камионот (микроповреди кај мускулите и воспаление), а некои пакети може и да паднат од камионот (откажување при вежбање со голема тежина).

Следниот пат поучени од претходното искуство покрај тоа што ќе го поправите камионот (одмор на мускулот), Вие и ќе пратите поголема приколка за да не настанат проблеми со поголемиот товар (адаптација и раст на мускулот). Сега пакетите што претходниот пат беа проблем, сега ќе можете да ги пренесувате нормално.

Ако повторно се зголеми бројот на пакетите, повторно ќе настанат истите проблеми со дефект на камионот и со паѓање на некои пакети. Повторно ќе следува истиот процес на опоравок и зголемување. Дури следува и зголемување на коњажата со појак мотор (мсукулна сила).

 

Додека во спортивно се намали бројот на пакетите, а Вие сте дошле со голем камион и тоа намалување останува исто и понатаму, со тек на време ќе увидите дека нема зголемување на бројот на пакетите и ќе праќате се помал и помал камион, бидејќи големиот камион веќе не е потребен."

Исто се случува и со мускулот, ако го вежбате со големи тежини тој ќе расне, ако ги намалите тежините и големиот мускул ќе арофира (намали).

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.