Родителите кои пушат можат да ги навлечат своите децата на никотин

Пуштењето цигари пред децата е премногу лош пример за децата, а особено помалите кои сите информации ги впиваат како сунѓер. Освен тоа пасивното пушење е многу штетно, особено за најмладите.

Во едно испитување извршено од страна на Универзитетот во Монтреал, авторот наведува: "-Зголеменото изложување на пасивно пуштење, без разлика дали е во кола или домот, се зголемуваат симптомите кои укажуваат зависност од никотин кај децата, иако тие никогаш не ставиле цигара во нивната уста."

Бидејќи децата дишат побрзо од возрасните, тие апсорбираат повеќе чад што ги прави особено ранливи на пасивно пушење. Родителите кои пушат во близина на нивните деца ќе зголемуваат шансите тие да заболат од астма за 200% до 400%.

                                   

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Because children breathe more quickly than adults, they absorb more smoke and are therefore particularly vulnerable to second-hand smoke. In addition, parents who smoke around their kids increase the chances that their children will suffer from asthma by between 200% and 400%.

Познато е дека децата кои се често изложени на пасивно пушење, порано започнуват да пушат од другите деца. Ова укажува дека е престапниот праг за зголемениот број на пушачи, со кој дури едно вовлекување на дим од цигара може да го претвори тинејџерот во пушач.

Студијата вкличила деца од 10 – 11 години и кај многу од нив се најдени поврзувања помеѓу пасивното пушење и зависноста од никотин. 5% од 1488 деца кои никогаш не пушеле, но биле изложени на пасивно пушење, појвиле симптоми на зависност од никотин. "Ја сакам, ми треба димот од цигарата" биле зборовите на некои од нив, а ова покажува дека станале физички и психички зависни од никотин.

Највеќето пријавени случаи биле од домовите на пушачи или имале пријатели кои веќе пушеле.

 

Ќе Ви раскажам една ситуација што ми се случи мене. Чекав во еден маркет ред и пред мене имаше татко и мало машко дете кое имаше не повеќе од 2 год. Таткото го држеше детето во раце и ова грабна едно пакетче "Орбит" и му вика на таткото: "Тато еве купи мастики наместо цигари". Мене искрено многу ми падна жал за детето, толку мало, а сепак несака татко му да пуши. Тоа најверојатно гледало дека татково после цигарите џвкал мастики, па си поврзало дека кога џвака нема цигара во устата и дека тоа ќе го натера да не пуши. Искрено да бев на местото на родителот, веднаш ќе ги откажев цигарите, безразлика колку и да е тешко, сепак за најмилото се работи, а цигарата не би ми била помила од мојата родена крв. За жал човекот си ја купи својата кутија цигари.

ЗАПОМНЕТЕ ДЕКА ДЕЦАТА УЧАТ ОД ГОЛЕМИТЕ.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.