Само еден час вежбање во текот на денот го зајакнува вашиот метаболизам

Обликувањето и тонирањето  на телото бара посветеност и  редовен тренинг, но тоа не значи дека позитивните ефекти од вежбањето не се активираат  веднаш. Една нова студија објавена во едно од изданието на “Cell Metabolism”, покажа дека само еден час вежбање во текот на денот го забрзува метаболизмот  и ја зајакнува ДНК.

Лабораториската студија  врз  мускулните клетки на мажи кој го живеат животот на  седентарен начин, беше изведена пред и после тренинг (возење еден час на стационарен велосипед). Земените клетки по изведениот тренинг поминаа низ хемиска промена која  се нарекува деметилација, за која истражувачите веруваат дека им помага на клетките да произведат повеќе согорувачи на масти (аминокиселини).

 

Ова истражување  е уште една  причина која ќе ве натера да тренирате , за да го подобрите вашето здравје.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.