Се комбинира ли овошје со млеко?

Овошјето може да биде слатко или кисело – а тоа значи дека тие содржат едно чудо на шеќери, но исто така содржат и киселина, некои помалку, некои повеќе од другите.

 

НАПРАВЕТЕ ЕДНОСТАВЕН ЕКСППЕРИМЕНТ

Наполнете чаша со млеко и во неа исцедете лимон. Ќе забележите дека се создаваат засирени грутки. Ова создава отежнато варење на млекото.

 

ЗОШТО МЛЕКОТО СЕ "РАСИПУВА"?

Од претходно изведениот експеримент можеме да заклучиме дека ако додадеме киселина во млекото, во нашиот случај лимонова киселина, млекото формира грутки.

 

Истото се случува и во нашиот стомак (желудник) доколку измешаме некое кисело овошје и млеко за краток временски период едно после друго. 

Варењето на овошјето започнува во устата под дејство на ензимот амилаза, а застанува во желудникот поради дејството на киселите желудочни сокови и продолжува во тенкото црево. Варењето на млекото започнува дури во тенкото црево, под дејство на ензимот лактаза.

 

Загриженоста е тоа што доколку млекото се згрудчи ќе се забави неговата дигестија, а притоа создавајќи стази и ферменти со што прават да имате тежина во стомакот и гасови.

 

Секако дека секој ова го поднесува на различен начин, некој повеќе, некој помалку.

Наш совет е најпрво да внесувајте овошје, најмалку 30 мин пред да пиете млеко.

 

ДА РЕЗИМИРАМЕ!

– Воглавно, млекото е безбедно да се комбинира со други овошја, се разбира доколку навистина морате.

Сепак важно е колку Вашиот стомак ги поднесува овие комбинации.

Додека ги приготвувате Вашите шејкови во блендер, избегнувајте да комбинирате млеко со лимони, портокали, киви и други многу кисели овошја.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.