Сите ги знаат, но малкумина се свесни дека секој човек на себе има 2 доктора. Тоа се левата и десната нога! Применете некоја од активностите за да Ви биде благодарно здравјето.
СКАЛИ НАМЕСТО ЛИФТ
Користењето на скалите е одличен начин да ги спречите здравствените проблеми кои доаѓаат со неактивниот начин на живеење како: дебелината, високиот крвен притисок, срцевите проблеми и удари. Користењето на скалите е одличен начин да се одржувате во форма, да ја подобрите кардиоваскуларната функција и да ги зајакните и обликувате мускулите на нозете. Затоа ако живеете во зграда, работите или одите кај некого на посета, секогаш користете ги скалите наместо лифтот или ескалваторот, здравјето ќе Ви биде благодарно.
Во пракса, качувањето скали може да биде тешко. Кога ќе започнете со секојдневното изведување на оваа активност, започнете полека. Колку почесто ги користите скалите за нагоре-надоле, толку посилни ќе станете и полесно ќе Ви биде за понатаму.
ИСКАЧУВАЊЕТО СКАЛИ СОГОРУВААТ МНОГУ ПОВЕЌЕ КАЛОРИИ ЗА ЕДНА МИНУТА ОД ПОВЕЌЕТО ФИЗИЧКИ АКТИВНОСТИ.
ВЕЛОСИПЕД НАМЕСТО АВТОМОБИЛ
Помогнете и на планетата и на секое живо суштество. Возењето велосипед не користи никаква друга енергија освен Вашите калории, а со тоа не загадува. Велосипедот придонесува да се развозувате наоколу до саканото место, без притоа да учествувате во глобалното затоплување. Придобивки од возењето велосипед:
♦ Добро е за срцето ♦ Раст на мускулите ♦ Го намалува обемот
♦ Ја зголемува долговечноста ♦ Подобро ментално здравје ♦ Зголемен имунитет
ПРОШЕТАЈТЕ ГО КУЧЕТО
Доколку чувате куче како домашно милениче, нека Ви послужи како дополнителна мотивиација за да изведете многу корисна физичка активност, а тоа е прошетката. Одлична активност за расонување наутро и можност за дишење чист воздух, како и за ноќна прошетка која со сигурност ќе Ви го подобри сонот и ќе заспиете многу лесно.
ПЕШ НАМЕСТО СО АВТОБУС
Доколку работата, училиштето или некое друго место Ви се на само неколку километри, а немате велосипед, тогаш избегнете го автобускиот превоз и тргнете пеш. Излезете малку порано и изведете физичка активност иако таа не Ви била планирана. Доколку сакате поубав тренинг, излезете малку покасно и направете го патувањето во побрз ритам на одење или пак доколку сте во можност потрчајте.