Сенфот – природен стероид

Во едно испитување на FASEB, научниците откриле дека сенфот содржи ХОМОБРАСИНОЛИД кој претставува природен стероид. Овој стероид реагира исто како и синтетичките анаболни стероиди, но за разлика од нив, скоро и да нема несакани последици.

Научниците откриле дека ефектот што хомобрасинолидот го има врз синтезата на протеините во мускулните клетки може да доведе до исполнивање на сонот на секој бодибилдер: зголемена мускулна маса, дефинирано тело и голема физичка подготвеност и перформанси.

Сенфот претставува природен лек против воспаленија во мускулите, болки и рак. Сенфот има многу малку калории, всушност 1 лажица сенф има само 3 калории и ниту еден грам масти, што прави совршено да се вклопи во Вашата диете. Одбирајте сенф без шеќер и конзерванси, секогаш погледнете го составот на задната страна од етикетата. 

Гликозидите во сенфот ја подобруваат циркулацијата на крвта и работата на жолчката, со што се топат маснотиите. Сенфот заради својот голчелив вкус ги шири дишните патишта, а делува и како локален анестетик.

Во иднина се очекува да се комерцијализира употребата на овој природен стероид, бидејќи поради намалениот ризик за разлика од синтетичките стероиди ќе придонесе на безбеден начин да се зголеми мускулната маса.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.