Што да правите кога сте гладни а се обидувате да ослабете?

Ако сте гладни и се обидувате да ја намалите вашата телесна тежина, најлошото нешто што можете да го направите е да не јадете ништо. Верувањето дека вашиот организам сам по себе ќе ги согори масните наслаги е неточно и опасно. Клиниката Мајо советува дека жените треба да јадат најмалку 1.200 калории дневно, а мажите треба да јадат  најмалку 1.400. Ако внесувате помалку од ова , нема да можете да ги внесете потребните дневни количинаи на витамини и минерали кои се потребни за правилната функција на организмот.

 

Јадете здрава ужина
Ако сте гладни помеѓу оброците, замени ги чоколадото и чиповите со јаболко или банана. Возрасните треба да јадат најмалку 3-4 порции свежо овошје и зеленчук на ден. Едноставно заменете ја џанк храната со поздрава опции. Житарици, ќе ви обезбедат дополнителен поттик на енергија, оревите и семките ќе ви обезбедат голем број на протеин, кој помагаат да се чувствувате сити подолго. Обезмастен јогурт и млеко и други здрава ужинки.
Пијте повеќе вода
Вашето тело често ги збунува жедта со глад, бидејќи двете состојби се контролирани од истиот дел на мозокот. Кога ќе почнете да се чувствувате гладни, испијте една чаша вода и по чекајте 15 минути. Ако се уште се чувствуваат гладни, тогаш јадете здрава ужинка или оброк. Во зависност од вашата тежина и вашата физичка спремност, вашето тело е направен од 55 до 75 проценти вода. Вашиот организам губи меѓу 8 до 12 чаши вода на ден преку дишење, потење и користење на тоалет. Надополнувајте ја загубата на вода со прилично 8 чаши вода на ден.
Ограничете ја брзата храна
Иако практичноста и брзината на брза храна е примамлива,  ограничете го и намаелете го бројо на овие оброци. Дури и детдките оброци во популарни гостилници за брза храна, содржат поголема количина на калории, сол и масти, од дневние препорачани количини. Покрај тоа, за она што можете да помислите дека е  пилешко месо, хамбургер или милкшејк, всушност е мешавина од хемикалии кои се користат за подолг рок на траење на производот а за вас не обезбедува никакви здравствени придобивки. Всушност, многу од несаканите ефекти од овие хемикалии предизвикуваат рак и други заболувања, додека други несакани ефекти се непознати.
Внимавајте на големинатаа на порцијата
За да ја намалите телесната тежина, мора да јадете помалку а да согорувате повеќе калории. Еден начин да се постигне оваа задача е да се обрне внимание на  големинита на порцијата. Запомнете дека износот на калории, треба да биде ограничен доколку сакате да ја намалите вашата тежина, затоа ограничете ја големината на вашата порција. Најлошото нешто, спротивно на ова е да се прејадете.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.