Понекогаш причината за вишок на килограми може да бидат токму апетитот и чуството на глад , но со мали промени во исхраната тоа може лесно да се измени. Некои видови на храна ќе ви помогнат да се чувствувате целосно сити за подолг временски период.
Лосос
Лососот ќе го успори процесот на варењето на храната во вашето тело, оваа вкусна риба ќе го спречи вашиот апетит и ќе го намали чуството на глад. Лососот е исто така богата со омега-3 масни киселини, кои ќе го подобрат вашиот метаболизам. Вклучувањето на лосос во вашата осхрана ќе ви помогне полесно да ги намалите вишокот килограми.
Бадеми
Бадемите се друга моќна храна, богата со протеини и растителни влакна. Заедно, овие хранливи материи го намалуваат апетитот и го спречуваат прејадувањето. Јадете околу 23 бадеми на ден, за да ја почуствувате промената.
Јајца
Ако нивото на холестерол ви се наоѓа во нормалата, изедете едно јајце во утрото и тоа ќе ви помогне со намалување на апетитот, и прејадувањето во текот на денот. Јајцата содржат амино киселини, кои се одговорни за изградба на мускулите. Јајцето содржи околу 213 милиграми холестерол, што не е вообичаено проблематично, освен ако не се борите со висок холестерол.
Овошје и зеленчук
Овошјето и зеленчукот се богати со растителни влакна и ниски во калории. Ова значи дека ќе ви помогнат да се чувствувате сити за подолго време, помагајќи ви да се консумираат помалку калории. Ви треба најмалку три порции на овошје и четири порции зеленчук дневно, според MayoClinic.com.
Житарици
Житариците се добра опција за потиснување на апетитот, бидејќи на вашето тело му е потребно подолго време за да ги свари овие производи. Отсечете ги од вашата исхрана рафинираните зрна, како бел леб, бели тестенини и храна богата со шеќер за да се спречи желбата за глад.