Силен стомак – силно тело

Стомакот има важна улога во во голем дел од движењата кои ги изведуваме секојдневно. Исто така и во сите спортски активности, стомакот има големо значење. Силниот стомак е основата за координација помеѓу горниот и долниот дел на телото. А стомачните мускули се и голем показател за нашата физичка форма.

Затегањето на стомачните мускули ја зголемува силата на секој друг мускул во нашето тело. Основната задача на стомачните мускули е стабилно и правилно држење на телото во долниот дел на ’рбетниот столб. Слабиот стомак може да биде причина за повреди или искривувања на пршлените во овој дел на ’рбетот. Кај луѓето со слабо развиена стомачна мускулатура, органите немаат постојано место при различните движења на телото. Затоа силниот стомак помага и за одржување на органите на едно место и при најсложени движења. При реализирањето на вежбите за стомакот се остварува масажа на внатречните органи, а со самото тоа и се подобрува нивната работа. Силниот стомак допринесува за олеснато варење на храната, воедно и подобрување на дигестивниот систем.

 

Како да НЕ се тренира стомакот?!

Најпопуларна вежба за стомакот се “стомачните“ – познати ни се на сите.

Научните испитувања покажуваат дека овие вежби, не само што се    не-ефективни, туку и често водат до повреди. “Стомачните“ многу малку го оптоваруваат стомакот, целото оптоварување паѓа на трапезоидниот мускул. Овој мускул пак, го повлекува ’рбетниот столб.

Ваквиот тип на вежбање, на долгорочен план води до деформации на ’рбетот.  Д-р Стјуард МекЏил, професор по биомеханика, тврди дека големиот број “стомачни“ е најсигурен начин за повреди на пршлените. Според него, потребни се малку над 20 000 повторувања за да дојде до непоправливи деформации на ’рбетниот столб.

Поради фактот дека “стомачните“ малку го оптоваруваат стомакот, можат да се направат голем број на повторувања. Некои луѓе достигнуваат и до стотици повторувања во ден. Огромниот број повторувања непотребно ги оптоварува надбубрежниоте жлезди. Уште една негативна карактеристика на овој тип на вежби е тоа што го стимулираат лачењето на женски полови хормони, а со самото тоа го намалуваат лачењето на машкиот полов хормон – тестостерон.

А овој хормон е еден од клучните фактори за високи спортски достигнувања.

Како да се тренира стомакот?!

Основен принцип е напредувањето од статични кон динамични вежби. Важно е позицијата на грбот да остане неутрална. Правилното држење на грбот и ’рбетниот столб, при изведување на стомачни вежби ви гарантира и правилно држење на телото на долгорочен план. Придржувајте се на мал број повторувања (до 12). Кога можете повеќе преминете на отежната варианта од дадената вежба. Со повеќе од 15 повторувања, драстично се намалува ефектот од одредена вежба. 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.