Силен стомак – Силно тело 2

Структурата на стомачните мускули се состои од четири групи на мускули.

 

1. RECTUS ABDOMINIS – се протега од карличниот појас се до пределот помеѓу петтото, шесттото и седмото ребро. Овој мускул е најистакнатиот мускул на стомакот, се состои од два паралелни мускула, разделени само со сврзувачко ткиво кое се нарекува – LINEA ALBA.

 2. EXTERNAL OBLIQUE – оваа група на мускули е распоредена од двете страни на rectus abdominis. Мускулните влакна на external oblique работат дијагонално, нагоре и надолу. Мускулот се протега од пониските ребра се до карлицата, формирајќи ја буквата “V“.

3. INTERNAL OBLIQUE – се состои од два дела на внатрешни мускули кои се наоѓаат веднаш под external obliques. Едниот дел почнува од долните три ребра до linea alba, а вториот дел, од вркстениот лигамнет преку страничната карлична коска (iliac crest) оди до долниот дел на ’рбетниот мускул (erector spinae).

4. TRANSVERSE ABDOMINIS – го сочинува најдлабокиот слој од стомачните мускули. Го обвива целото торзо од напред према назад, започнува од седмото ребро до карлицата.

 

Можам да ви ги презентирам петте најефикасни стомачни вежби.

 

1.

Оваа вежба може да се вежба и само до точката “B“. Доволни се 3 серии од       12 – 15 повторувања.

 

 

2.

Вежба со јаже, можете да ставите поголема тежина на теговите од јажето, во зависност од вашите можности. Најголемиот дел од теретот насочете го на стомачните мускули за вежбата да го добие својот ефект. Ако се работи со максимална тежина доволни се 3 серии од 8-12 повторувања.

 

 

3.

Оваа вежба се прави на клупа (bench) при што целото тело го кревате нагоре, само дел од грбот и рамената да ви допираат на клупата. Рацете мора да бидат поставени покрај главата. Вежбата е доста напорна па затоа ви се доволни 3 серии од 5-8 повторувања. Треба да се напомене дека оваа вежба не се препорачува за почетници.

 

4.

Вежба која ги оптеретува сите групи на стомачните мускули, со еднаков интензитет. Доволни се 3 серии од 10 – 15 повторувања.

 

5.

Немојте да ја потценувате оваа вежба. Ги оптоварува и стомачните мускули и грбните мускули. Добра е како стабилизатор на мускулите, ги зајакнува послабите групи на мускули.  За да го постигнете ефектот од вежбава треба да издржите минимум 60-90 секунди или максимално колку што можете, доволни се 3-5 повторувања.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.