Со 150 денари до дневениот внес на протеини

За мускулот правилно да расте и да се опорави после тренинг потребно е да внесуваме доволно протеини. Дневниот внес на протеини изнесува 1,5 гр. по килограм од Вашата тежина. Ако тежите 70 кг. потребниот внес на поротеини ќе изнесува од 100-140 гр.

Јајца млеко месо туна риба eggs milk fish

Во прилог следи предлог листа на неколку производи кои ќе ги задоволата Вашите протеински потреби на високо ниво.

 

  • 10 јајца (3 цели и 7 белки)

Јајцето е една од најкомплетните храни кои што постојат, а изобилува со многу витални витамини и минерали, но холестеролот во жолчката го прави неговиот внес ограничен, но добра вест е што белката се состои само од вода и високо квалитетен протеин, кој што ги содржи сите 9 есенцијални аминокиселини и може да се внесува неограничено. Целото јајце содржи 6,28 гр. протеин, а само белката 3,6 гр. 10 јајца, од кои 3 цели и 7 само белките, содржат одприлика 45 гр. протеин, и ќе Ве чинат само 60 денари.

 

  • 1 литар млеко

Млекото е еден од основните продукти кој треба секој спортист да ги има на својата листа. Многуте витамини, идеалниот сооднос на калциум (1,2 гр/лит) и калиум, но и другите минерали го прават едно од најздравите храни. Но нас не интересира неговиот протеин кој изнесува 32 гр./лит  (80% е каезин, а 20% whey), и ќе Ве чини 40 денари.

 

  • 200 гр. туна или пилешко

Туната содржи омега 3 масни киселини, додека пилешкото е богато со протеини, а сиромашно со масти. Протеинската содржаност во туната и пилешкото месо изнесува од 45 гр(+/-) во 200 гр.месо, а цената е 50 денари.

 

Вкупниот внес на протеини од претходните намирници изнесува од прилика 125 гр, а ќе Ве чини околу 150 денари. Не заборавајте дека и во останатите јадења што ќе ги конзумирате, внесувате одреденена количина на протеини.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.