Сојата се смета за штетна поради тоа што го зголемува нивото на естроген кај мажите и го зголемува ризикот од рак на дојка кај жените. Во сојата се пронајдени фитоестрогени и други манипулаторни соединенија на естерогенот.
Поради овие соединенија, сојата влијае на многу негативни начини, вклучувајќи го и предвремениот развој кај девојчињата, и неразвиеноста кај момчињата за време на пубертет.
Сојата исто така може да предизвика проблеми како хипотироидизам, рак на тироидната жлезда, неплодност и други дополнителни нарушувања. Исто така во производи од соја се присутни и трипсин инхибитори, токсични лусиноаланини и високи канцерогени нитрозамини
Наместо да изберете некој сојен производ, можете да одберете високо протеинска природна храна, како што е кафеавиот ориз, козјо млеко, кокосово млеко, бадемово млеко, интегрални житарки, ореви, алги, грав и леќа .