Сокот од цвекло ги подобрува спортските перформанси

Многу спортисти користат енергетски пијалаци и кофеин како стимул за пред-натпревар. Една студија предводена од Универзитетот во Ексетер, објавен во 2009 година во "Journal of Applied Physiology,"," објави дека сокот од цвекло може да придонесе најмногу корист кога станува збор за подобрување на атлетската издржливост. Овој зеленчук, не само што  резултира со зајакнување на атлетските перформанси, тој, исто така, помага при зајакнување на целокупното здравје.

Сок од цвекло и велосипедисти

Една студија, која била изведена во 2011 година на група велосипедисти, докажа дека цвеклото ја подобрува издржливостаза цели 16 проценти. Испитаниците биле мачки веосипедисти. На едната половина од групата велосипедисти им било дадено половина литар сок од цвекло, половина час пред трката, а на другата група им било дадено црвен сок од цвекло но без нитрати. Резултатите кажуваат дека велосипедистите по ингестија на сок со нитрати возеле многу побрзо за разлика од велосипедистите кои пиеле црвен сок без нирати.

Нитрати

Нитрати се корисни за спортистите затоа што брзо транспортираат кислород до мускулите, во суштина тие ги прават  тешкоите  напори полесни. Нитрати може да се најдат во друг зеленчук, како марула, целер, магдонос и зелка.

Кардиоваскуларни придобивки

Спортисти не се единствените кои имаат корист од нитрати. Постарите луѓе и оние со заболувања на белите дробови, срцето и метаболни заболувања исто така може да имаат корист од зголеменото снабдување на кислород во организмот. Научниците откриле дека нитратите  го намалуваат  нискиот крвниот притисок, со тоа што се прошируваат крвните садови.

Хидратација

Сокот од цвекло е исто така корисен за хидратација на спортистот. Одржување то на електролитите е предизвик, особено кога спортистите се натпреварува во топли временски услови. Сокот од цвекло, која е богата со калиум, може да помогне да се регулира нивото на  течностите и рамнотежата на електролитите. Цокот од цвекло е исто така дејствува анти-воспалително бидејќи содржи бетаинот. Ова може да помогне да се намали ризикот кај спортистите  од хронично воспаление. Цвеклото, е исто така високо со витамини Ц, А, Б1, Б2 и Б6.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.