Сонцето Лаже – чувајте го вашето здравје

Преминот од летни топли денови кон есенски влажни и студени денови, е токму овој временски период каде сонцето знае да не залаже да се облечеме со лесна летна облека и да се изложиме на ризик од настинки. Затоа постарите велат дека "сонцето лаже"  и не советуваат стално да имаме при рака топла и лагодна облека во овој времемски период.

Високото ниво на заситени масти во вашиот организам го ограничува протокот на крв, со што ја  блокира функцијата на имунолошките клетки. Затоа здравствените експерти се согласуваат дека супер храната богата со растителни  влакна, антиоксиданси и други хранливи материи кои го одржуваат имунолошкиот систем треба да биде дел од редовната исхрана.
        Во овој временски период нашиот имунитете може да биде малку нестабилен, затоа се препорачува да се зголеми внесот на храната која го зацврстува имунитетот.

Во вашата редовна исхрана треба да додадете:
   – риба,
   – зелен чај,
   – вода сребреница,
   – овес,
   – мед,
   – храна богата со витамин Ц.
   – Бадеми,
   – семе од тиква.

   – лук

   – лененото семе

   – таан

 

 

Не заборавајте дека 20 до 30 минути на дневна физичка активност може  да го зајакне имунолошкиот систем

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.