Повеќето луѓе сакаат да ги тренираат стомачните мускули повеќе од било кој друг дел од телото, но малку се луѓе кои ги тренираат стомачните правилно. Кога станува збор за тренинг за стомачни мускули, многу е битна разновидноста на вежбите, нивниот редослед, бројот на повторувања, фреквенцијата и темпото.
1. Фреквенција
Тренирајте ги вашите стомачни мускули 2 до 4 пати неделно . Тоа е затоа што вашите стомачни мускули се постурални мускули кои нонстоп се активни за подршка на 'рбетот. Како такви, тие имаат повисок процент на спори мускулни влакна за разлика од другите делови на телото и бараат повеќе редовен тренинг за соодветна стимулација. Доколку ги тренирате стомачните, на пример, со додатна килажа (тегови, медицинки, справи) потоа ќе ви биде потребен одмор од 2-3 дена за повторно да можете да ги вежбате вашите стомачни мускули, ако правите тренинг само со вашата тежина доволно е само еден ден одмор.
2. Избор на вежби
Секогаш кога вежбате стомачни, одберете вкупно четири вежби, по една за секоја од различните области: RECTUS ABDOMINIS, EXTERNAL OBLIQUE, INTERNAL OBLIQUE, TRANSVERSE ABDOMINIS. Ова ќе ви овозможи да изградите целокупна рамнотежа и симетрија на вашите стомачни мускули.
3 Приоритет и времетраење
Приоритетот при вашата тренинг сесија за стомачни мускули, на почетокот од вашиот тренинг треба да започне од најслабата алка во вашиот стомачен регионот. За повеќето, тоа значи дека прво треба да ги тренирате долните стомачни мускули.
4. Тежини
Многу луѓе избегнуваат да користење тежини при вежање на стомачните мускули, поради страв дека нивните стомачни ќе станат премногу големи. Сепак, и стомачните се мускули како и бицепсот, па и тие треба да бидат добро дефинирани. За да не дојде до преоптоварување на овие мускули, користете различни степени на отпоро, ако навистина сакате вашите стомачни мускули да изгледаат убаво и да бидат поизразени. Од друга страна, пак, ако сакате само да го одржавате вашиот стомак рамен, тогаш користите ја вашата сопствена телесна тежина како отпор.
Бројот на повторувања е од клучно значење за тоа како ќе се развиваат вашите стомачни мускули. Ако вашата цел е одржување на рамен стомак, доволно е само да ја користите вашата сопствена телесна тежина како отпор и да го задржите бројот на повторувања меѓу 15 и 30. Меѓутоа, ако чувствуваате дека вашите стомачни мускули треба да растат повеќе, можете да го зголемите отпорот и бројот на повторувања да бидо од 8-10, што е стандард за оптимална развој.
6. Темпо
Исто како што треба да се променат вашиите вежби и отпорот, не заборавајте дека можете да ги менувате темпото и брзината на изведувањето на важбите за стомачни мускули, за задоволување на вашите цели. Изведувајте ги брзи и експлозивно движењата кога се кревата нагоре, а спуштајте се бавено и со контрола. Брзите и експлозивни движења се идеални за изградба на сила и моќ.