За да добиете убави стомачни мускули, најбитно е да пазите што јадете. Без разлика на тоа колку напорно тренирате, или колку повторувања правите на вежбите за стомачни во фитнес клубот. Како сакате вашите стомачни да се познаваат кога ќе се погледнете во огледалото, кога над нив има дебел слој поткожни масти (сало) што ги покрива силните стомачни? Ова прашање треба да се шири како вирус за да стигне до луѓето кои прават напорни кардио тренинзи, со цел да добијат убави стомачни мускули, и, исто така оваа информација треба да стигне до луѓето што јадат ништо освен воздух преку целиот ден надевајки се дека ќе ги стимулираат стомачните мускули да станат силни и да се познаваат убаво.
За да добиете убави изглед на вашите стомачни мускули, треба да бидете трпеливи и разумни.
Еве некој едноставен начин на исхрана и совети за вежбање кој ќе ви помогнат да излезете на вистинскиот пат и всушнот да ви помогне да добиете убави стомачни мускули за краток временски период.
Кога идете во фитнес клубот, фокусирајте се на кревање тегови а не на кардио тренинг, затоа што поголемата мускулна маса ке ви помогне да вашиот базичен метаболизам согорува повеќе калории.Кревањето тегови ќе ги обликува мускулите на вашето тело и ќе ви помог да изгледате убаво и цврсто. Еве неколку спортови и рекреативни активности кој ќе ви помогнат да согорите повеќе калории.(Види овде).
Јадете 5 оброци на ден! Вие треба да јадете на секои 2,5-3,5 часа,или наспроти тоа вашето тело предизвикува глад , што значи дека, вашиот метаболизам ќе се успори и вашиот организам ќе започне да скалдира резерви на масти, наместо да ги согорува за енергија . За да го избегнете ова, потребно е да ги поделите вашите оброци на тој начин со цел да го избегнете гладот.
Внесувајте протеини и растителни влакна во секој оброк! Треба да јадете повеќе храна богата со растителни влакна и јагленохидрати како овес, овошје и зеленчук. Исто така треба да јадете протеини во секој оброк, затао што на организмот му е потребно многу повеќе време за да ги свари протеините, со што троши многу повеќе калории. Исто така протеинот ви помага за одржување на мускулите.
Јадете здрави масти! Со цел да се добие убави стомачни во најбрз можен рок, треба да вклучите здрави масти во вашата исхрана како Омега 3 масните киселини, маслиновото масло, ореви и бадеми.
Избегнуивајте брза исхрана (чипсови, слатки, газирани сокови)! Ако ги следите сите овие совети, треба да почнете да гледате добри резултати за 2 недели!